• среда, 18 декември 2024

Муцунски – Димовски: Економскиот раст, новите работни места и инвестиции во фокусот на владините приоритети

Муцунски – Димовски: Економскиот раст, новите работни места и инвестиции во фокусот на владините приоритети

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.

Како што соопшти МНР, на средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Притоа, двете страни се обврзаа на цврста и континуирана соработка во насока на остварување на приоритетите на владата.

Воедно, на средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции, стои во соопштението. вг/

Фото: МНР

Остани поврзан