• понеделник, 01 јули 2024

Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин

Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин. 

-Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока, информираат од МНР.

На средбата, министерот Муцунски истакнал дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.

Двете страни, се осврнале и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците размениле мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми. сст/дма/

фото МНР
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан