• вторник, 12 ноември 2024

Муцунски-Бомгартнер: Продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции

Муцунски-Бомгартнер: Продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции во нашата земја, било во фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер.

На средбата, како што соопшти МНР, било истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат.

Муцунски го запознал амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската Агенда, со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

- Муцунски се заблагодари на досегашната силна поддршка на Франција за нашите аспирации за членство во ЕУ, истакнувајќи ја неопходноста од забрзување на нашиот евроинтегративен процес, што е во насока на консолидирање на економската, политичката и безбедносната стабилност на земјава, но и на регионот, се наведува во соопштението. дма/нд/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан