• петок, 22 ноември 2024

МТСП: Нови 54 места во Дом за стари лица во Пробиштип

МТСП: Нови 54 места во Дом за стари лица во Пробиштип

Пробиштип, 26 декември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потпишаа договор за изведување на градежни работи со цел пренамена на јужното крило на здравствениот дом „Неда Михајлова“ во Дом за стари лица.

Во писменото соопштение на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) се наведува дека изградбата на домот е согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изменување и дополнување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објектите за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година.

-Домот ќе има капацитет 54 лица, додека за проектот за адаптација се предвидени да бидат инвестирани над 8 милиони денари со вклучен ДДВ за опрема и над 34 милиони денари со вклучен ДДВ од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението на МТСП.

Министерката, Тренчевска за време на потпишување на договорите истакна дека по примерот на Општина Пробиштип сите општини треба да бидат проактивни и да предлагаат проекти со кои ќе овозможат еднакви можности за сите граѓани во сите општини. вдј/сст/

фото МТСП

Остани поврзан