• петок, 28 јуни 2024

Мората: Ако Јувентус не може да се пласира во финалето на Лига Европа, ќе навивам за Севилја

Мората: Ако Јувентус не може да се пласира во финалето на Лига Европа, ќе навивам за Севилја

Мадрид, 17 мај 2023 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората откри за кого навива во полуфиналето од Лигата на Европа помеѓу Јувентус и Севилја. 

 

- Секако дека навивам за Јувентус во полуфиналето. Во секое друго сценарио би навивал за Севилја, но сега зборуваме за мојот поранешен тим. Ако Јувентус не може да стигне до финалето, во решавачкиот меч ќе навивам за моите сонародници, изјави Морато за „Calciomercato“. 

 

Мората двапати играше за Јувентус - од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан