Мицотакис и Ердоган ќе се сретнат утре во Њујорк
- Билатералните односи, мигрантското и кипарското прашање, според грчките медиуми се очекува да бидат темите на средбата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган што ќе се одржи утре во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 23 септември 2024 (МИА) – Билатералните односи, мигрантското и кипарското прашање, според грчките медиуми се очекува да бидат темите на средбата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган што ќе се одржи утре во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ќе ги оцениме работите по средбата и во длабочина ќе ги видиме прашањата. Во едно многу турбулентно време и кога на Блискиот Исток се создава криза, фактот што можеме да разговараме за сите овие прашања е позитивно достигнување. Има позитивно влијание врз позитивната агенда, дури и за прашањата за кои не се согласуваме да не доведат до ескалација на теренот, рекол висок владин извор грчката новинска агенција за АНА-МПА.
Во однос на кипарското прашање владиниот извор објаснил ќе го покрене грчката страна и дека „постои умерен оптимизам за продолжување на разговорите“, додека пак за мигрантскиот проблем рекол дека Атина изразува задоволство од нивото на соработка со Турција по ова прашање.
-Сè додека криумчарите ги прилагодуваат своите методи, треба да бидеме во состојба на готовност и да го зголемиме нивото на соработка со Турција, објаснил владиниот извор.
Според истите информации на средбата Мицотакис-Ердоган ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на двете земји.
На маргините на Генералното собрание на ОН, утре ќе се одржи и трилатерална средба Грција – Кипар – Франција. ср/