• сабота, 21 декември 2024

Мицотакис за ситуацијата на Блискиот Исток: Потребна е брза деескалација пред да се прошири конфликтот

Мицотакис за ситуацијата на Блискиот Исток: Потребна е брза деескалација пред да се прошири конфликтот

Атина, 30 септември 2024 (МИА) – Случувања на Блискиот Исток очигледно многу нѐ загрижуваат. Нашиот прв стремеж не може да биде друг, освен деескалација пред овој конфликт да стане општ, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека „Грција има надворешна политика што се базира на принципи, кредибилен соговорник е, разговара со сите страни и останува столб на стабилноста во поширокиот регион“.

-Секогаш ќе се бориме за мир во регионот, кој е предуслов за стабилност и затоа повторно ги повикуваме сите инволвирани страни на брза деескалација за да се избегне најлошото сценарио, кое би било генерализирана војна во јужен Либан, истакна грчкиот премиер.

Се осврна и на Грците кои се во конкретниот регион, објаснувајќи дека во координација со надлежните министерства се во состојба на целосна готовност и веќе имаат изготвен план за евакуација, доколку тоа е потребно, „исто како што сме во консултации со сите наши партнери за можно обезбедување на хуманитарни помош за Либан“. ср/

Остани поврзан