• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицотакис го поздрави напредокот во разговорите меѓу САД и Украина и порача дека сега Русија мора да одговори

Мицотакис го поздрави напредокот во разговорите меѓу САД и Украина и порача дека сега Русија мора да одговори

Атина, 12 март 2025 (МИА) – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис доцна синоќа, преку платформата Икс го коментираше напредокот во разговорите меѓу САД и Украина, истакнувајќи дека е значаен чекор кон мир за Украина и посочи дека сега Русија мора да одговори, јави дописничката на МИА од Атина.

- Го поздравувам напредокот постигнат во разговорите САД – Украина и најавата за предложен прекин на огнот. Ова е значаен чекор кон сеопфатен, праведен и траен мир за Украина. Сега Русија мора да одговори, напиша Мицотакис на Икс. ср/

Остани поврзан