• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите

Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите

Скопје, 25 април 2024 

Тоа што ние сме го ветиле и кажале, тоа ќе го направиме и тоа е резултат на анализа, не е тоа резултат на политичка манипулација, туку многу сериозно и темелно пристапивме, не ветувавме чуда, ниту ќе ветуваме. Тоа што сме ветиле ќе испорачаме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов, запрашан како ќе го одржи ветувањето за пет илјади денари линеарно покачување на сите пензии ако формира Влада.

Мицкоски посочи дека пензиите би се нивелирале во септември и март секоја година, така што според планот предвидено е некаде во втора половина на јуни да се креира владата, а втора половина да има ребаланс за буџетот и веќе од септември да почне реализацијата на ова ветување, со тоа што би се заокружиле тие пет илјади денари во март 2025 година.

„За оваа година, до крајот на годината ни се потребни околу 40 милиони евра, тоа е некаде околу 2 милијарди и 400 милиони денари, потоа веќе од после март кога ќе се затвори целиот овој процес, бројката е некаде околу 20 милијарди, 20 и нешто милијарди, 21 милијарда денари“, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето од каде пари за линеарно повисоки пензии од пет илјади денари, Мицкоски посочи дека тоа е многу едноставно, затоа што во буџетот има ставка „други трансфери“ кои во 2016 година биле 28 милијарди денари, а лани изнесувале 52 милијарди, пари кои ќе се искористат за пензиите.

„Од каде пари? Многу едноставно. Вие ги гледате трансферите кои што одат во ПИОМ од буџетот и процентуално ги кажувате, но ако ги видите во буџетот другите трансфери, ќе дојдете до следниот заклучок. Други трансфери во 2016 година се 28 милијарди денари, а во 2023 година се 52 милијарди, што значи дека имаме зголемување од 24 милијарди денари, тоа се 400 милиони евра. Сигурно ќе си го поставите прашањето, што прават овие а 400 милиона? Јас ќе ви го дадам одговорот. Ништо, ги злоупотребуваат ти 400 милиона. Од тука ќе обезбедат дел од средствата кои што се потребни за пензионерите и се разбира од страна на другите политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе“, рече Мицкоски.

Да бидам до крај брутално искрен, додаде Мицкоски, тие пари се пари кои што се злоупотребуваат, се крадат, а ние немаме намера со тоа да се занимаваме и тие пари ќе отидат кај пензионерите.

„Цениме дека тоа што таму е содржано е практично нешто кое што ќе биде испорачано“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкатост „Каде се парите“ во однос на „Платформа 1198“.

Во своето гостување се осврна на дигитализацијата и ИКТ секторот.

„Мора да имаме дигитална трансформација во Македонија ако сакаме да постигнеме 2 работи. А, тоа е зголемена економска активност со сите атрибути коишто таа ги содржи со себе задоволни клиенти задоволни инвеститори, добра економска и инвестициска средина итн. Значи зголемена економска активност кажано во неколку збора“, појасни тој.

„И второто е да владее правото затоа што ќе едното со другото се надополнуваат. Нема да имате вие доверба кај потенцијалните инвеститори, без разлика дали се домашни или надворешни ако во државата не владее правото. Односно ако имаме еден зголемен транспарентен начин на комуникација со граѓаните на институциите. Од каде појдовме? Појдовме од проблемот со издавањето на патни исправи“, рече тој.

Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија. Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот.

„Целта на дигиталната трансформација на Македонија е сето ова да биде во еден систем кој што меѓу себе ќе комуницира“, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека кога се зборува за дигитална трансформација се подразбира и политичка алатка, а тоа е дигитален попис. Дигиталниот попис е и политичка и социолошка алатка, но таа пак е потребна за да се има импут во економијата со што се располага како ресурс, човечки, интелектуален итн. Така што дигиталната трансформација во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебно место и ќе има посебно министерство за дигитална трансформација кое би требало да биде некакво продолжение на министерството за информатичка технологија и администрација, со тоа што администрацијата се уште се размислува, но најверојатно ќе конвегира кон решение да биде составен дел на министерството за локална самоуправа.

Околу темата за ИКТ сектор Мицкоски истакна – „Што се однесува до ова што го зборуваме ИКТ индустријата мислам дека тука треба и покрај тоа што тие велат не бараме ништо, државата како држава да стимулира и да најде начин како да ги стимулира бидејќи тука додадената вредност е огромна, нема трошок. Паметот е тука.

„Ќе треба време, нашиот план е дека до 8 години целосно ќе ја дигитализираме Македонија, до 8 години од почетокот, а првите две години ќе има значителен прогрес и ќе биде забележливо сето тоа. Сега јас го разбирам вашето прашање има предизвици со кои се соочуваме, а тоа е дека прво сите оние кои се дел од ИКТ индустријата многу малку сакаат да бидат дел од администрацијата бидејќи примањата се лимитирани, не се предизвик нели, не можете сега во администрација затоа што е инженер компјутерски да му дадете два пати, три пати повеќе плата од неговиот колега теоретски кажано правник. Има правила на игра и тој вели јас не сакам тогаш тука да работам во ова министерство, ќе одам во некоја компанија која може да ме плати ќе ми даде 2 – 3 илјади евра. И тоа е факт затоа ние треба да размислиме дали и веќе конвергираме кон една комбинација со тие две работи министерствата и генерално државната управа мора да имаат еден централизиран систем кој практично ќе служи како алатка и кои тие ќе го користат за да ги завршуваат овие работи, а тој централизиран систем ќе комуницира со аутсорсинг компанија која што пак ќе го заокружи целиот овој проект и тие треба да работат во синергија“, појасни тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкастот „Каде се парите“ говорејќи за  проектот со 250 милиони евра годишно, односно 1 милијарда евра во 4 годишен манда, за проекти за општините изјави дека целта е работата на владата да стигне до секој дом и да нема повеќе општини без елементарни услови за живот.

Мицкоски посочи дека многу често во Македонија се запоставени граѓаните со сите нивни потреби коишто се од дневен карактер појаснувајќи дека многу луѓе бегаат од метежот во други општини, а таму нема основна комунална инфраструктура, нема атмосферска, нема фекална канализација, нема асфалтирани патишта, нема вода, односно нема елементарни услови за живот.

- Ние велиме, добро дајте луѓе општината нека направи проект, проектот има проектантска цена, како држава ќе објавиме јавен повик, општината ќе конкурира со тој проект и државата директно ќе го финансира проектот. Сакаме да ја доближиме работата на владата до секој дом, истакна тој.

Мицкоски посочи дека целта е работата на идната влада од ВМРО-ДПМНЕ да стигне до секој дом.

- Еве конкретно проект еден ќе дадам. Затоа што нема капацитет општината да го направи тоа затоа што фискалната децентрализација не е завршена. Не може општината да си дозволи многу такви проекти. Секогаш го зборувам село Трпејца во Охрид надвор од колекторскиот систем, многу познато туристичко место и напати го нарекуваат и го споредуваат со македонското Сен Тропе. Таму нема канализационен систем, се снаоѓаат кој како знае и умее и ветувано е тоа со години и со години дека ќе се направи. Јас отидов при една од акциите теренски на ВМРО-ДПМНЕ, ветивме, општината го сработи тој проект заедно со високообразовна институција, сега го имаме тој проект којшто чини многу пари, три милиони евра можеби чини. Ако гледаме од интересот на државата можеби не е толку голем проектот бидејќи станува збор за 150-200 куќи, ако гледаме од тој аспект, но за нас тоа многу ќе значи затоа што прво го чуваме езерото, македонскиот бисер, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека покрај жителите од тоа корист ќе има и туризмот

- Тоа е суштината. И такви проекти во моментов во општините каде што се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму можеме подиректно да комуницираме, коишто се составен дел од програмата „Платформа 1198“ се повеќе од 700, нагласи Мицкоски.

 

Мицкоски воедно додаде дека од сегашната генерација на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ има примери каде што ги одблокирале тие општини, а истовремено и општини каде што се наследени долгови, но се вратени делумно и работат.

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан