• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности

Мицкоски: Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности
7 април 2022  Правата кои што треба да бидат исполнети во Македонија се правата на тие кои што се резидентно население. Затоа што сите оние кои што живеат надвор од границите на Македонија , кои што не се резидентно население, кои што се дијаспора тие своите права образовни, економски и така натаму ги реализираат во државите во кои што живеат“,  истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија. Мицкоски додаде дека за она што цени дека треба да се оди во јавна дебата е дали се уште ќе се зборува за проценти и дали се уште ќе се зборува за колективни права врз основа на проценти. „Дали некој не мисли дека тие проценти го надминале своето време и својата употреба кога тогаш требало да бидат наметнати? И дали можеби сега треба да зборуваме за едно поинакво општество? А, тоа е општество на квалитет, општество на компетенции, јас сакам за тоа да зборувам. Инаку да, ако зборуваме за статистика во Македонија, зборуваме само исклучиво за резидентно население“, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности. „На политичката сцена ако гледаме сега суштински сакам државнички и суштински да ги зборуваме работите во која насока треба да ја развиваме нашата заедничка Македонија. И сега една група на политички субјекти велат зошто да стои процент во Уставот, зошто не таа етничка заедница да биде преставена со полното име. А, една група на политички партии има кај што велат ајде луѓе на една изборна единица да одиме на избори а кои што се дел од коалицијата на СДСМ. Има друга структура која што има некое трето барање. Ако ние планираме Македонија како држава да ја градиме како држава на сите граѓани, зашто ние почнавме така кампања – Македонија за сите луѓе, и држава која што ќе се темели на компетенции, знаење и вештини тогаш да сакам да зборувам за сите овие теми. Но да ја отвориме и темата за бадинтер, да ја отвориме и темата и за балансер, можеби има луѓе кои што не сакаат да бидат дел од бадинтерот и од делот на балансерот како процент. Можеби сакаат тие еден мнозински етнички заедници да бидат дел од државните институции, дел од Македонија затоа што тие имаат вештини, компетенции и знаење. Јас познавам многу такви луѓе кои што се спротивставуваат на тоа и викаат не сакам да бидам во квота, сакам да излезам и да бидам ценет или ценета затоа што поседувам вештини, знаење и компетенции“, појасни Мицкоски. Мицкоски рече дека ако во таа насока се оди подготвен е да разговара за се. Да разговара за една изборна единица, да разговара за менување на процентите во Уставот, да разговара за укинување на бадинтерот, да разговара за укинување на балансерот, итн. и така ќе се гради една граѓанска држава која што ќе се темели на вистинските вредности. А, тоа се знаење, компетенции и вештини. „Јас Македонија како држава сакам да ја видам како држава на рамноправни граѓани, Македонија на сите луѓе, каде што нема да се напредува поради проценти, туку ради знаење, вештини и компетенции“, нагласи Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски вели дека сите работници, вработени во разни сектори во државата кои што ќе протестираат, односно штрајкуваат за повисоки плати ја имаат неговата поддршка. Во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат, Мицкоски истакна дека во овие тешки економско-финансиски времиња работниците, како и просветните кои што за во понеделник најавија генерален штрајк,  мора да добијат финансиска мотивација. Додаде дека наставниците и професорите си ја сакаат работата и државата и тие посветено работата на едукација и образување на учениците, кои се идни генерации кои што ќе ги предводат општествените процеси, но сепак и тие сите имаат дома фамилии кои од нив имаат некои очекувања и затоа мора да им го овозможиме финансискиот мотив, затоа што само така ќе имаме поквалитетно образование и образование „Денеска луѓето можете да ги мотивирате, за жал од нешто мора да се живее, финансиски. Да тие си ја љубат својата работа, посветени се, мотивирани се, посебно ете луѓето кои за прв пат ја добиваат можноста за прв пат да учат, да образуваат деца и така натаму. Но, на крајот на денот тие имаат дома свои семејства и тие семејства од нив имаат некакви очекувања да имаат пристоен живот. И ние на ти луѓе треба да им го овозможиме тој пристоен живот, на тој начин ќе го зголемиме нивниот мотив, а со нивниот мотив ќе се зголеми квалитетот“, рече Мицкоски. Надополни дека со зголемен квалитет во образованието ќе се  кое ќе биде многу подобро рангирано на сите ранг листи, како што се рангирањето во Пиза Шангајското рангирање, што би го отворил патот за повеќе директни инвестиции, без разлика дали се странски или домашни и на тој начин луѓето ќе заработуваат пристојно и нема да си заминуваат од Македонија. „Со вака зголемен квалитет во образованието ќе имаме многу подобро место на сите рангирања, а со многу подобро место и на рангирањето на Пиза и на рангирањето на Шангај ќе имаме повеќе директни инвестиции, без разлика дали се тие домашни или странски, нема луѓето да ни одат ќе ни останат тука и ќе си заработуваат пристојно и нема да ни се празни државата, како што тоа го правата дел од централно европските земји, како што тоа го прави една Словенија и така натаму. Тоа е успешна политика“, истакна Мицкоски. Мицкоски образложи како платите во образованието, односно на просветните работници во средните и основните училишта, како и во градинките треба да се зголемат согласно колективниот договор и истите треба да бидат нивелирани согласно зголемената минимална плата, затоа што образовниот процес кој што е многу битен за децата започнува во градинките, се развива во основното и на крај се дефинира во средното образование. „Апсолутно, како што се колективните договори. Мојата сопруга работи во средно училиште, она е класен раководител, платата некаде и е околу 26-27 илјади денари нето. Според колективниот договор кој што треба да се нивелира со овој коефициент еден кој што е еднаков на минималната плата на нејзе, на сите како нејзе професори во средните училиштата, нешто се помали 1, 2, 3, 5 кај основните училишта, платат треба да им биде повеќе од 40 илјади денари. Дали ги заслужуваат? Да заслужуваат, бидејќи образованието е сложен процес. Тоа започнува од предшколската возраст, односно од градинките и по сите социоекономски анализи, кога ќе разговарате со луѓето што се правени секаде од стручни и компентетните лица во светот ќе видите дека, главен фокус на образованието се првите, односно онаа предшколска возраст, уште во градинките, потоа се почетоците во основното образование, па потоа доаѓа среденото образование“, кажа Мицкоски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан