• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски и Костовски во Бутел на увид на проектот за речното корито на Серава

Мицкоски и Костовски во Бутел на увид на проектот за речното корито на Серава

Скопје, 11 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНР Христијан Мицскоски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денеска извршија увид во градежните активности за уредување и градба на коритото на река Серава.

-Навистина сум среќен што можам да посведочам една озбилна трансформација на општина Бутел. Општина која што би рекол некако беше ставен на маргините на владата на СДСМ и ДУИ. Но, благодарение на градоначалникот Дарко Костовски, администрацијата, советниците, мнозинството во советот, гледаме како на дневна основа се менува во позитивна смисла, се трансформира и тоа е само одличен пример како после победата на 8 мај идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја трансформира Македонија, истакна Мицкоски.

Градоначалникот Костовски појасни дека целосното уредување и градба на коритото на реката Серава, е проект вреден 42 милиони денари.

-Ова е еден проект кој што беше ветуван со децении наназад но сега сме сведоци дека станува реалност. Станува збор за проект, поточно за градба на корито во должина километар и пол, 1500 метри во населеното место Радишани, вреден 42 милиони денари, појасни Костовски.

Посочи дека покрај градбата на коритото, во втора фаза ќе изградат трим пакета за која, како што рече, конечно бутелчани, граѓаните на општина Бутел ќе добијат едно вистинско место за рекреација.

Костовски информираше дека на седница на совет треба да помине деталниот урбанистички план за изградба на поликлиника на територија на општина Бутел. бк/аа/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан