• вторник, 05 ноември 2024

Мицкоски и Пецаков во увид на градежни активности на три локации низ Охрид

Мицкоски и Пецаков во увид на градежни активности на три локации низ Охрид

Охрид, 18 април 2024 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во рамки на работната посета на Охрид, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков извршија увид во градежните активности што се спроведуваат на три локации низ градот.

- После историскиот момент на деблокирање на долговите на Општината и на неколку јавни претпријатија, продолжвва со несмалена динамика реализацијата на ветувањата дадени кон граѓаните, се подобруваат условите во Општина Охрид и се збогатува туристичката понуда што е важно за Охрид. Она што е денеска предмет на посетата се увид во градежните активности на три клучни проекти- спорстка сала, уилиште и авантуристички парк, рече Мицкоски кој на почетокот на кампањата на парламентарните избори најави реализација на уште многу проекти.

Мицкоски истакна дека по победата на изборите новата влада и проекти што и можеби воопшто и не биле дел од програмата и дадените ветувања пред граѓаните за време на кампањата од Локалните избори во 2021 година.

Што се однесува на сорботката со локалните самоуправи во земјата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го искористи првиот ден од предизборната кампања да најави дека идната власт што ќе ја предводат ќе биде сервис на сите граѓани и блиску ќе соработува со сите градоначалници, независно од која партија тие доаѓаат.

Во однос Охрид, Мицкоски како еден од приоритетите го опосочи автопатот Охрид – Кичево за кој рече дека е биде завршен некаде во втората половина на 2026 година, како и многу други проекти за кои рече се содржани во програмата „Платформа 1198“.

Градоначалникот Пецаков од своја страна посочи дека во моментов низ градот на три локации се изведуваат градежни зафати за изградба на спортска асала во село Лескоец, реконструкција на стара зграда на поранешната охридска касарна каде е биде сместено основното училиште „Кочо Рацин“, како и најголемиот авантуристички парк во Југосточна Европа, на локација токму во рамки на кругот на поранешната касарна.

- Покрај на овие три се одвиваат градежни активности на уште три локации, така што како овозможија временските услови за градежни активности и тие проекти што сме ги ветиле пред охриѓани полека ги реализираме и заокружено со поседната година на мојот мандат како градоначалник најголем дел од програмата што сме ја ветиле пред охриѓани и ќе ја заокружиме, рече Пецаков.

Фото: МИА

Остани поврзан