• петок, 22 ноември 2024

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска - Божиновска е победа на правдата

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска - Божиновска е победа на правдата

Скопје, 20 мај 2023

„Денеска имаме една убава можност повторно да бидеме тука во Гази Баба, ќе имаме повеќе средби, ќе имаме во Брњарци, Инџиково, Трубарево. Насекаде во Гази Баба ќе бидеме присутни во наредниот период. Убаво е што се повеќе народ доаѓа на овие средби кои што постојано на терен се случуваат под мотото „Ова е Македонија за сите“. И разговараме со граѓаните за сите теми“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.

Мисајловски додаде дека со граѓаните се разговара на актуелни теми, како што е економијата, политички теми, образованието, здравството.

„Но денеска еве една тема што сакам  јас дополнително да ја разговараме секако со граѓаните да им објасниме сето она што се случувало во минатото иако сите добро знаат, а тоа е онаа пресуда што вчера беше актуелна од Стразбур“, рече Мисајловски.

„Вчера слушнавме дека за Елена Доцевска Божиновска се доби пресуда во Стразбур, односно Елена ја доби правдата. Елена после многу години виде правда иако беше угнетувана, иако и беа прекршени и нејзините човекови права, никој од власта тоа не сакаше тоа да го спомене и бегаа и се криеја и само гледаа како да направат уставни измени. Но, еве дојде денот, знаете правдата е спора, но еден ден ќе дојде. Елена Доцевска Божиновска и беше одземено човековото право да поднесе жалба, да се брани пред судот, но и многу пострашно беше тоа што ја апсеа пред своите дечиња“, појасни тој.

Мисајловски рече дека во оваа прилика би ја споменал и пратеничката Жаклина Пешевска што доаѓа од Гази Баба и што истото и се случуваше во минатото. Истото тоа се случуваше пред нејзините дечиња кога беше апсена.

Мисајловски порача на граѓаните да го кренат својот глас и да си ги бараат своите права.

„Кога се менуваше името, кога се формираше СЈО, кога се правеа тие уставни измени, кога силата ја добиваше СДСМ и ДУИ од многу институции, од нивните обвинителства, од нивните судови, тоа го правеа со една цел да го угнетат македонскиот народ, да тргнат против ВМРО-ДПМНЕ, да го тргнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на крајот да се смени името“, појасни тој.

Мисајловски рече дека сега пак продолжува исто СДСМ, продолжува со уставни измени но нема да им успее.

„Затоа го повикувам целиот македонски народ, го повикувам да ни се приклучи, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ има храбри луѓе, има луѓе кои што ја сакаат Република Македонија и ќе направат се за Македонија. Жаклина Пешевска беше пратеник кој што беше угнетуван, Елена Доцевска Божиновска беше личност која што работеше во Собранието и таа беше угнетува и и беа одземени човековите права. Има и многу луѓе кои што се во занданите и ним им беа одземени нивните права. Сите тие сакаат правда, не бараат ништо друго“, нагласи Мисајловски.

Тој укажа дека невини луѓе лежат по затвори додека криминалците на власта слободно се шетаат. Оливер Спасовски е заштитник на криминалот на власта.

Муцунски: Се поголемо е општото незадоволство од целокупната ситуација во државата, каде што и меѓународните судови веќе потврдуваат дека живееме во системска неправда

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при денешната посета на Карпош и населените места во рамки на теренската активност „Ова е Македонија за сите“, истакна дека во директна комуникација со граѓаните се поголемо е општото незадоволство од целокупната ситуација во државата, каде што и меѓународните судови веќе потврдуваат дека живееме во системска неправда.

 

„Продолжуваме со активностите на терен директна комуникација со граѓаните денес сме во скопски Карпош каде што исто така кога ќе комуницирате со граѓаните ќе видите исто така има едно општо незадоволство за целокупната состојба во државата. Живееме во држава веќе почнаа и меѓународните судови да потврдуваат дека системот носи политизирани одлуки дека имаме системска неправда која што се прави врз нашите граѓани по вчерашната потврда на европскиот суд за човекови права поврзан со случајот на 27 април, живееме во држава каде што се потпишуваат договори кои што се класифицираат, повеќе од  милијарда евра се трошат средства на граѓаните а не знаеме точно каде се трошат тие средства, навидум за инвестиција во некои инфраструктурно решение а видовме дека нема ниту а од автопат, не километар како што кажувам често ниту метар автопат не е изграден а тоа е таа состојба поврзана со коруптивниот скандал на „Бехтел и Енка“ ние сме тука да дискутираме со граѓаните за како Македонија треба да се движи напред, кои се тие проекти кои што ни се суштински потребни за подобар животен стандард за надеж во секоја област на функционирањето продолжуваме и во следните недели се до конечниот момент каде што доаѓаме до парламентарни и претседателски избори очекуваме голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а по таа победа и формирање на влада влада која што ќе носи прогрес во Македонија“, нагласи Муцунски.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан