• вторник, 02 јули 2024

Министерката Петровска се сретна со футсал тимот на Армијата

Министерката Петровска се сретна со футсал тимот на Армијата
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Министерството за одбрана оствари средба со тимот на Армијата на Република Северна Македонија во мал фудбал кој ќе се натпреварува на претстојниот тринаесетти турнир „CISM Futsal Cup for Peace“ кој ќе се одржи во Нови Сад, Република Србија во периодот од 19-24 јуни 2022 година. Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, за време на средбата, министерката Петровска им посакала многу успех на претстојниот турнир. - Физичката подготвеност е дел од борбената готовност на припадниците на Армијата. На претстојниот турнир, вие прво ја покажувате вашата физичка подготвеност и го покажувате вашиот тимски дух. Тимскиот дух е основата на секој успех, но за да имате успех потребно е да имате и услови за тоа. Спортскиот ангажман, физичката подготвеност и условите се составен дел за развојот на Армијата. Не може да имате добра Армија ако немате добро обучени, мотивирани и задоволни припадници на Армијата и токму затоа во изминативе години сериозно се заложивме за подобрување на условите на работа и на капацитетите за припадниците на Армијата и така ќе продолжиме и понатаму, рече Петровска. Во изминативе 17 години, колку што Армија на Република Северна Македонија е членка на Меѓународниот совет на воени спортови (CISM), нашите припадници учествувале во повеќе дисциплини на летни и зимски игри, а најдобри резултати имаат постигнато во скијање - биатлон, атлетика, футсал, борење, стрелаштво и пливање. ар/лв/

Остани поврзан