• петок, 17 мај 2024

Милошоски: Заев и неговите најблиски соработници да обезбедат мирна транзиција на власта

Милошоски: Заев и неговите најблиски соработници да обезбедат мирна транзиција на власта
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Пратеникот и член на ИК  на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција му порача на премиерот Зоран Заев и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да обезбедат мирна транзиција на власта.
- Времето на Зоран Заев помина и што ќе се случува во СДСМ нас не не интересира, тоа е нивна работа, но што ќе се случува во Собранието ќе види Заев уште во текот на утрешниот ден кога на Владата на Заев која е во оставка ќе и биде изгласана недоверба, рече Милошоски.
Затоа, како што истакна тој,  му порачуваме на Заев премиерот во заминување и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, испорачувањето на недовербата на Владата и формирањето на ново собраниско мнозинство и нова влада која што ќе нуди решенија за проблемите кои што ги создаде Заев, Филипче и Спасовски.
-Сметам дека доаѓа време за одговорност за сите нивни злоупотреби, доаѓа време за нов почеток, за поспособни луѓе, за нова Влада и за ново парламентарно мнозинство, додаде Милошоски. дма/ац/

Остани поврзан