• сабота, 27 јули 2024
МИА Општински пул

1 март 2024

Крива Паланка - Преку серија едукативни и креативни работилници, арт- терапија, менторска поддршка на родители и обука на стручниот и наставен кадар во основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка, ќе се спроведе едукација за ментално здравје кај младите.

Активностите ќе бидат дел од проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ што во следните шест месеци ќе се реализира во рамки на ReLOaD2 Програмата имплементирана преку УНДП, со финансиска поддршка на ЕУ, како и со буџетски средства од Општина Крива Паланка.

Скопје - Техничкиот премиер Талат Џафери денеска  ќе присуствува на увид во градежните активности на делницата Гостивар - Букојчани дел од Коридор 8, по што ќе има изјава за медиумите.

Како што информираат од владината прес-служба, во рамки на посетата на Општина Гостивар, Џафери ќе ја посети и Јавната здравствена установа - Општа болница „Ферид Мурад”, а ќе присуствува и на увид на градежните активности на патот Здуње - Дебреште.

Дебар - Македонскиот весникот „Илинден“, што е гласило на истоименото друштво во Албанија, денеска одбележува 13 години од објавувањето на првиот број.

- На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Во овој изминат период, весникот побуди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и главен и одговорен уредник на весникот.

Скопје - Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на пролетен развој.

-Во наредните денови, за време на викендот, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Денеска повремено ќе дува силен ветер, над 60 километри на час, од јужен правец, а најавени се и врнежи од дожд на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови, над 20 литри на метар квадратен.

Скопје - Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Анри Барбис“ и „Темелко Попов“ во општина Гази Баба. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна приклучна цевка на улица „Карл Хрон“ 66.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.

Прилеп - Полицијата рано изутрината приведе две лица оосмничени за синоќешното убиство на 14-годишно момче во Прилеп.

- Вво 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп, соопшти МВР.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Скопје - Двотомниот лексикографски речник „Македонска научна и стручна терминологија – Филозофија“, подготвен од проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Иван Џепароски, е прв добитник на нововостановената награда „Константин Философ“ за филозофска книга на годината за 2023.

Наградата „Константин Философ“ ја доделува Филозофското друштво на Македонија кое минатата година ја востанови во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.

Конкурсот за наградите „Константин Филозоф“ беше распишан на 24 март 2023, а номинациите за категоријата филозофска книга на годината траеја до 15 јануари.

Скопје - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале. 

Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено,  РЦУК Охрид за еден и Регионалниот ЦУК Штип за ѓест пријавени и изгаснати пожари на отворено. 

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.  Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Скопје - Без вода денеска од 9 часот ќе останат жителите од населба Трнодол, а од 10 часот корисниците од улицата „Козле“, крак 6 во Општина Карпош.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот во Трнодол е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 милиметри на улица „Кнез Трпимир“ бр. 24. 

Вториот прекин е поради изведување водоводен приклучок на улица „Козле“ 3б.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.

Скопје - Без електрична енергија денеска од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош. 

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Крсто Баиќ“ и „Јордан Хаџи-Константинов - Џинот“ во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Скопје - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 06.55 часотна ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, го привеле О.Б.(58) од скопското село Огњанци, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Скопје - На престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март ќе настапи македонската виолинистка Пламенка Трајковска со композиција со наслов „Ламенто вело“ за соло виолина. Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“ која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори.

„Ламенто вело“ се снимаше во Белград во студиото „Шум“ и е сниман и видео материјал. За композицијата миксот и мастерингот го прави компанија од Истанбул.Композицијата „Ламенто вело“ ќе биде дистрибуирана на сите музички платформи на почетокот од април.

Пламенка Трајковска како композитор досега го има издадено албумот во кросовер „Апасионато“, музичкиот албум за деца „Карневалот на животните“, синглот „Светулки“, композициите „Твојот допир“, „Феникс“, „Воздишка за тебе“ и многу други остварувања.

Остани поврзан