• понеделник, 29 април 2024
МИА Најави МКД

12 април 2024 

 

Скопје - Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи брифинг. (Простории на Министерството за култура/11:00)

Крива Паланка - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, ќе ја посетат Крива Паланка, каде што ќе остварат работна средба со раководствата на ОВР Крива Паланка и Граничен премин Деве Баир. (Изјава за медиумите пред објектот на ОВР Крива Паланка/10:00)

Скопје - По повод 12 Април Меѓународниот ден на децата на улица,  државниот советник од канцеларијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа ќе ги презентира наодите од истражувањето за состојбата со децата на улица во Република Северна Македонија. (Простории на Центарот за дневен престој за деца во ризик „Патека на надеж“ што се наоѓа во објектот на детската градинка „8-Ми Април во Општината Шуто Оризари/10:00)

Скопје - Тимот на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии ќе одржи брифинг за резултатите од истражувањето на јавно мислење „Перцепции и ставови на граѓаните за работата на полицијата во Република Северна Македонија“. (Клуб на новинари/10:00)

Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе ги презентира деталите за проектот и почетокот на работите на новиот проект за Градскиот стадион. (Градски стадион/16:45)

Скопје - Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ќе одржи презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материјали. (Комора на овластени архитекти и овластени инженери, бул. „Партизански одреди3 бр 2, втори кат, ТЦ Буњаковец/12:00) 

Битола - Потпишување на Договор за соработка помеѓу Ветеринарната комора на Република Северна Македонија и Турската Ветеринарно медицинска Асоцијација. (Музеј на Битола/18:00)

Скопје - Брифинг во Јавната здравствена установа Универзитетска Клиника за детски болести – Скопје, во врска со тековното работење во првите три месеци од 2024 година. (ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести/11:00) 

Скопје - „Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“.(Кафе-книжарница „Буква“/20:00) 

Скопје - Концерт на Влатко Стефановски по повод отворањето на Grand Cassino Admiral во Diamond Mall. (19:30)

Скопје - „Candlelight“ - концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, (Филхармонија/20:00) 

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Скопје - Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендровски ќе биде меѓу скопјани, на средба со жителите на Илинден (16:00), Петровец (17:30), Карпош (18:30),  и во Центар на централен митинг (20:00)

Дебар/Гостивар/Тетово - Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дебар (16:00) Гостивар (18 30) и во Тетово (20 30). 

Демир Капија/Неготино/Росоман/Кавадарци - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Демир Капија (15:00, изјава за медиумите,Live stream на fb страната Maksim Dimitrievski/15:30), Неготино (17:00), Росоман  (18:30), и во Кавадарци (Live stream на fb страната Maksim Dimitrievski/20:00)

Тетово - Кандидатот за претседател од Коалицијата ВРЕДИ Арбен Таравари и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами ќе одржат средба со Албанската академија на науките и Уметност. (Центар Саранда 13, кај Пошта/10:00)

Скопје - Кандидатот за претседател од Коалицијата ВРЕДИ Арбен Таравари и носителот на листата на кандидати за пратеници во Првата изборна единица Изет Меџити ќе присуствуваат на настан. (Стара скопска чаршија, кај локалот “Араста”/13:45)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан