• четврток, 26 декември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

9 октомври 2024

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 5/ 11:00)

Скопје – Работна средба на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 5/ 11:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/ 13:00)

Скопје - Портпаролот на Владата Марија Митева ќе одржи прес-конференција. (во Медија центарот на Владата/12:00)

Скопје – Министерот за одбрана, Владо Мисајловски ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена нова Влада. (Министерство за одбрана/ 10:00, екипите на медиумите на влезот на МО да пристигнат најдоцна до 9:45)

Скопје – Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе одржи брифинг со новинари по повод 100 дена работа на Министерството за дигитална трансформација. (во новите простории на Министерството, зградата на Министерството за односи меѓу заедниците, на ул. „Филип Втори Македонски“, на приземје/ 10:00-10:30, по што ќе следи изјава за медиумите)

Скопје – Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе се обрати на презентацијате на новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“. (во просториите на Ректоратот на УКИМ/ 14:00)

Скопје – Министерката за образовани и наука, Весна Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на дигитализација на високото образование. (на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во ИННОФЕИТ/ 11:00) 

Скопје – Министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу ќе присуствуваат на церемонијата за отворање на новата 2024-2025 Академска година на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ). (во Кампусот на ИБУ/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за спорт, Борко Ристовски по повод 100 дена Влада. (во Конференциската сала во Владата/ 11:00)

Тетово –  Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами ќе присуствуваат на симулација на евакуација на ученици заради поплава. (во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, во објектот на поранешното Средно медицинско училиште, изјави за медиумите/ 13:00) 

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе одржи прес конференција по повод поставување биста на првиот Претседател на Република Македонија, во ООУ кое го носи неговото име во населбата Капиштец, а на настанот ќе присуствува и петседателот на СДСМ, Венко Филипче . (во дворот на училиштето „Киро Глигоров“, Општина Центар/ 10:00)

Скопје – Институтот за човекови права организира настан на тема „Судски совет на РСМ – Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“. (х. „Холидеј Ин“/ 11:30, регистрација и изјави за медиумите од 11:00 до 11:30)

Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (на платформата ZOOM: https://zoom.us/j/91640675452?pwd=sLdElgioMrbziIjVQ0NYg8giLNpVbb.1   / 11:00)

Скопје – Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусијата на тема:„Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“. (х. „Сити Парк“/ 12:00)

Охрид – Презентација на резултатите на инфраструктурната поддршка насочена кон унапредување на здравствените услуги и здравствениот туризам која го опфаќа опремувањето на современиот центар за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“ и реконструкцијата во „ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан - Охрид“, достигнувања овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. (во објектот на болницата „Св. Еразмо“/ 12:00, а ќе биде посетен и објектот на специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан – Охрид“/ 13:20, по што ќе следи изјава за медиумите)

Охрид – Прес-конференција на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид по повод дводневниот гастрономско-едукативен настан „Гастромак и пријателите 2024“. (во амфитеатарот на Факултетот/ 13:00) 

Скопје – Прес-конференцијана Демократската унија за интеграција. (во седиштето на ДУИ, во Чаир/ 12:00)

Скопје - Прес - конференција на претседателството на Проектот „Стоп на политичкиот прогон“. (Универзитет - Скопје, Голема Сала/13:30)

Скопје – Амбасадата на Руската Федерација организира церемонија на доделување благодарност од Министерството за надворешни работи на Русија на Ефтим Клетников за неговиот придонес во промоција и популаризација на рускиот јазик и руската култура во Северна Македонија. (во Амбасада на Руската Федерација, на ул. „Пиринска“ 44/ 11:00)

Скопје – Центарот за современи уметности – Скопје и LOGS  Асоцијацијата од Романија организираат Мултимедијален настан насловен „Украина е...“. (во Мобилната монтажна галерија во Парк на Франкофонијата/ 19:00)

Скопје – По повод Светската недела на вселената ќе се одржи предавање „#SpaceTalks: Од вселената до климатските промени“, организиран од Светската недела на вселената и Македонското астрономско друштво. (во Стартап Клуб Скопје, на ул. „Трета Македонска бригада“ бр. 60/ 19:00)

Скопје – Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во режија на Бојана Лазовиќ на JEС Продукција од Скопје. (на сцената на Националната опера и балет/ 19:00)

Скопје – Почнува IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 во организација на клубот „Брејк а Лег“. (СЦ „Борис Трајковски“)

Скопје – Промоција на стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски. (КИЦ, Салон Империјал 2/ 19:30)

Битола – Свечено отворање на 11. Меѓународно графичко триенале Битола – ИТГ Триенале. (Свечена сала – КИЦ Офицерски дом/ 19:00)

Скопје – Концерт на џез составот Светлост. (во Лабораториум/ 21:30)

Скопје – Отворање изложба на фотографии на познатиот словенечки фотограф Иво Борко, под името „Во фокусот“. (Галерија Рудиќ/ 19:00)

Скопје – „Летаргија“ изложба на цртежи од Ангел Коруновски. (Музеј на град Скопје, Голем салон/ 20:00)

Скопје - Завршна средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ во рамки на фестивалот КУЛТУРЕН АМАЛГАМ. (Културно информативен центар - Скопје, Салон Империјал 2/18:00) 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан