Партијата на пензионери со осудата за манипулацијата на цените на прехранбените производи
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 26 декември 2024
Партијата на пензионери најостро ја осудува праксата на трговците за злоупотреба и манипулација на цените во овој претпразничен период. Во ова предизвикувачко време за голем дел од пензионерите и граѓаните со мала економска и финансиска моќ, ваквото однесување на трговците е во најмала рака неморално и неетички.
Партијата на пензионери во исто време дава и најголема поддршка на државните институции кои искажуваат воља но воедно имаат и обврска да се борат и да го регулираат и санкционираат самоволието во овој сегмент на секојдневието на пензионерите и сите граѓани во земјата.
Чествувањето на сите празници во овој период не е и не смее да биде привилегија само на мала група добростоечки поединци и личности, туку е и основно достоинствено човечко право на сите граѓани во државата.
Чесно, Одлучно, Сплотено !!!
Партија на пензионери
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.