• петок, 19 јули 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 јуни 2024 

Свети Николе/ Тетово – Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово.

- Eвроамбасадорот Дејвид Гир ќе учествува на отворањето на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во близина на Свети Николе. (локација: https://maps.app.goo.gl/AxbtuWucbkgBcgUd6    / 10:00)

- Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе ја отвори Јуроп Хаус во Тетово. (Јуроп Хаус Тетово во рамки на Домот на културата/ 15:15)

Скопје –  Прес-конференција на Форумот на немнозинските заедници. (Градски ресурсен центар, бул. „Климент Охридски“ бр. 21/ 11:00)

Скопје – Форум за разумни политики организира презентацијата на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“, реализирана за време на и по Парламентарните и Претседателските избори во април/мај 2024 година. (х. „Панорамика“/ 10:00)

Скопје - Изјава на Јован Деспотовски по повод поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ. (спроти Музеј на град Скопје, до бифе Комуна /11:55)

Скопје – Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ќе одржи комеморација во чии рамки ќе одадат почит на архитектите Мимоза Томиќ, Благоја Колев, Трајко Димитров, Ѓорѓи Константиновски, Ратко Раѓеновиќ и  Михајло Митровиќ, со потсетување на нивното дело и придонес кон македонската архитектура. (Комора на овластени архитекти и овластени инженери, ТЦ „Буњаковец, кат 2/ 12:00)

Скопје - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) организира настан за поддршка на палестинскиот народ и изложба со фотографии од Газа. (Кампус на ИБУ / 12:00)

Велес - Доделување на 16 сертификати на вработени во дел од единиците на локалната самоуправа и планските региони во организација на Програмата „ЕУ за општините“. (х. „Глориус“ / 18:00)  

Гостивар - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, организира празничен коктел по повод 22 години постоење на ДУИ. (ресторан „New Albiz“ во Долна Бањица / 13:30)

Охрид – Прес-конференција на која ќе биде претставена програмата на годинашното 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“. (Предворје на црквата „Света Софија“/ 11:00)

Скопје - Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) организира научен собир „АСНОМ и македонската државност“. (Седиште на СПМ / 12:00

Скопје – Свечен собир во чест на 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на  Петре М. Андреевски организира Институтот за македонска литература – Скопје. (Амфитеатар на ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје/ 12:00)

Скопје – Репризна изведба на балетот „Чиполино“, во продукција на Bullfrogs Ballet. (МНТ, голема сцена/ 19:00)

Скопје – Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ со проекција на филмот „Втор чин“, во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. (кино „Синеплекс“ – Скопје сити мол/ 20:00)

Скопје – Предавање на феминистката и теоретичарка Сара Ахмед и промоција на новиот албум на „Светлост“, со што почнува 12. издание на Викенд на гордоста – Скопје 2024. (Музеј на современа уметност/ 19:00)

Скопје – Прес-конференција по повод второто издание на Стрип трип фестивал 2024. (МКЦ/ 11:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба  „Допир“ од Гордана Јаневска. (Уметничкиот центар Арт хаб, ГТЦ,  2 кат, локал 306/  20:00)

 __________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан