• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

19 јули 2024

Скопје – Седици на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 11:30 и 12:00)

Јегуновце – Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу двете институции и ќе извршат увид на локација со цел отварање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“ (ЕТУ) во Општина Јегуновце. (во зградата на Општина Јегуновце/ 12:00, изјава за медиумите е предвидена пред општинската зграда во 12:20, а медиумите да пристигнат најдоцна до 11:45)

Скопје – Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе биде промовирана книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски.  (Градска кафеана „Пелистер“/ 12:00)

Струга – Прес-конференција по повод 63. издание на Фестивалот на Струшките вечери на поезијата. (х. „Дрим“, Конгресна сала/ 11:30)

Штип  – Стендап изведувачите Бојан Велевски и Марјан Георгевски ќе имаат настап на „Мала летна сцена на едносмерната“.  (20:30)

Гевгелија – Прес-конференција по повод Филсмкиот фестивал „Преку езерото“ во  Дојран. (во фоајето на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија/ 11:00)

Битола - Изложба од Фондот на браќата Манаки „Радост, прослава, духовна пркост на народот“. (Завод и Музеј/ 12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан