• сабота, 29 јуни 2024
МИА Најави - МКД
12 јули 2021 Скопје - Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/10:00 и 10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје -  Седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците. (Сала на Уставна комисија/13:00) Кочани - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во работна посета на општина Кочани. (изјави за медиуми пред социјалната зграда/10:45) Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Иднината на македонскиот тутун е во производство според стандарди за конкурентен производ со висок квалитет“. (седиште на Комората/11:00) Охрид - Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. (изјави за медиуми во Општина Охрид/12:15) Скопје - Советот на Град Скопје преку конференциска врска ќе ја одржи 74-та седница. (11:00) Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе организира прием за Горан Пандев и Игор Ангеловски. (12:00) ____________________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан