• среда, 18 март 2026

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

18 март 2026

Хаг – Локални избори во Холандија.

Брисел – Трипартиен социјален самит на институциите на ЕУ, синдикатите и организациите на работодавачи за зајакнување на економијата, социјалната кохезија и пазарот на трудот. Претседаваат претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Стразбур – Во организација на Советот на Европа, конференција-дебатa за современите прашања на историјата и сеќавањето во Европа.

Осло – Завршни зборови на судењето на синот на норвешката принцеза, Мариус Борг Хојби, обвинет за силување.

Остани поврзан