МИА Најави - свет
- Брисел - Започнува дводневен самит на Европската Унија, каде што лидерите на земјите-членки ќе разговараат за последиците од војната на Блискиот Исток, поддршката за Украина, зајакнувањето на европската одбрана, зголемувањето на конкурентноста и буџетот.
19 март 2026
Брисел - Започнува дводневен самит на Европската Унија, каде што лидерите на земјите-членки ќе разговараат за последиците од војната на Блискиот Исток, поддршката за Украина, зајакнувањето на европската одбрана, зголемувањето на конкурентноста и буџетот.
Кишињев - Почеток на дводневна конференција на високо ниво за социјалните права - Европската социјална повелба, организирана од Советот на Европа и Молдавија. Настанот ќе го отворат претседателката на Молдавија, Маја Санду, и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, а ќе присуствуваат и функционери одговорни за социјалните права и социјалната политика, претставници на институциите на ЕУ, ОН и Меѓународната организација на трудот.