• недела, 30 јуни 2024
МИА Најави МКД
19 јуни 2020 

Ресен - Вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ги посети припадниците на Армијата кои им помагаат на локалните институции во расчистување на последиците од невреме во село Брајчино, ресенско. (Брајчинска река близу хидроцентралата, изјава за медиуми/ 11:30, пристигнување на медиумите/ 11:20) 

Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ги презентираат резултатите од јавниот повик „Стартапувај 2“ наменет за поддршка на стартап компании. (Влада на РСМ, медија центар/ 10:00)

Крушево - Заменик претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во работна посета на Крушево.есност „Гумење“/ 12:00, изјави за медиуми/ 12:30 во близина на спортска сала) Битола - Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ќе го посети Секторот за внатрешни работи во Битола и ќе има работен состанок со раководството на СВР Битола. (Пред зградата на СВР Битола, изјави за медиуми/ 11:20) Врапчиште - Заменик министерка за финансии Ширет Елези ќе изврши увид на изградба на двете пречистителни станици за вода за пиење во населените места Неготино и Добри Дол. (Изјави пред Домот за култура во селото Неготино, општина Врапчиште - во околината на градот Гостивар/ 13:30)

Скопје - Дополнителниот заменик министер во МИОА Невенка Стаменковска Стојковски ќе даде изјава. (Пред објектот на Јавното обвинителство на Република Македонија/ 11:00)

Скопје - Прес-конференција на ДУИ. (седиште на партијата во Чаир/11:00) Скопје - Прес-конференција на Македонски концепт. (Градски парк - кај споменикот на Гоце Делчев/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на одбраната и безбедноста. (ССМ, 12 кат/ 12:00)
Скопје - Зелениот институт ќе одржи јавна дебата на тема „Инспекторите под лупа на граѓаните. Како до транспарентни инспекции во животната средина?“(ZOOM/ 11:00)
Скопје - ЈУ Детски културен центар Карпош онлајн ќе го промовира второто издание на музичко едукативно ЦД со нови песни, видео записи и боенка насловени како Зоо Азбука 2. (ФБ профил и Youtube канал/ 12:00)
Скопје - Литературна манифестација-Трет фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2020”  во организација на Културно-информативниот центар-Скопје. (Парк пред КИЦ-Скопје/ 18:00)
________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан