МИА Најави - свет
- Виена – Состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ.
4 декември 2025
Виена – Состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Започнува дводневниот министерски совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), кој на покана на претседавачот, министерката за надворешни работи на Финска Елина Валтонен, ќе ги собере министрите за надворешни работи на 57 земји членки и 11 партнери.
Женева – Годишна прес-конференција на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолкер Тирк.
Њу Делхи – Претседателот на Русија Владимир Путин престојува во дводневна посета на Индија.
Брисел – Годишен Самит „ЕУ - Западен Балкан“ што го организира бриселскиот независен институт Пријатели на Европа. Како говорници, освен македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, најавени се и генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за соседство и преговори за проширување Герт Јан Копман, претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, гувернерката на Централната банка на Црна Гора Ирена Радовиќ, потпретседателот на Европската инвестициска банка Роберт де Грот, претседателот на Центарот за европски политики Срѓан Мајсторовиќ, поранешниот европски комесар за проширување Штефан Филе, поранешниот заменик генерален секретар на НАТО Џејми Шеј и други.