• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

4 декември 2025

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 72. седница. (Сала „Македонија“/12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 5/11:20)

Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/11:30)

Скопје - Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Адем Чучуљ, ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието. (Охридска сала /9:30)

Скопје - Брифинг на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со новинарите. (во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1) /13:00; брифингот е без камери)

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе биде домаќин на министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки, кој ќе престојува во посета на земјава. (Изјава за медиуми во Министерството за финансии; 9 кат/12:40)

Скопје - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе учествува на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје. (во 11:30 на панел-дискусијата „Од учење на факти, до учење за живот“; а во 12 часот на Свечената академија по повод јубилејот)

Скопје - Дипломатски прием по повод презентацијата на акредитивните писма на Н.Е. Амбасадор Нгујен Ти Минх Нгујет пред Н.Е. Гордана Силјановска-Давкова, претседател на Република Северна Македонија, Амбасадата на Социјалистичката Република Виетнам во Бугарија, акредитирана и во Република Северна Македонија. (Bliss Palace Hotel & Spa, ул. „Македонија“ бр. 5/16:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Конференција „Иднината на медиумите, иднината на демократијата“ во рамки на регионалниот проект „Нашите медиуми“. (х.„Лимак“/12:00) 

Скопје - Прес-конференција на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). (Простории на СЕММ, бул.Теодосиј Гологанов, бр 54/2/11:00)

Скопје - По повод 75-годишниот јубилеј и 50 години активно новинарско, научно и педагошко творештво, Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА и Кинотека на Македонија организираат свечена манифестација посветена на македонскиот документарист, научен и педагошки творец проф. емеритус д-р Мишо Нетков. (Кинотека на РС Македонија/12:00)

Скопје - Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ ќе одржи брифинг со медиумите. (х. „Парк“ /10:30)

Скопје - Дискусија во рамките на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на фондацијата „Свети Фотиј Велики“ - Скопје. (Библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)

Скопје - Менса Македонија по повод јубилејот 26 години од основањето ќе организира тестирање на интелигенција со цел за прием на нови членови во Скопје. (Факултет за Електротехника и информациски технологии, Руѓер Бошковиќ 18/18:30)

Битола - Тркалезна маса на универзитетските членки на УНИАДРИОН. (Офицерски дом/11:00)

Скопје - Предавање на тема „Dehusking Early Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and Lake Ohrid“, на проф. д-р Феран Антолин од Германскиот археолошки институт. (Филозофски факултет, сала за седници/13:00)

Битола - Уметнички перформанс „Слово Љубве“. (Народен театар/18:00)

Скопје - Рецитал на чембалистката Цветанка Созовска. (Македонска филхармонија, камерна сала/20:00)

Скопје - Промоција на романот „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски. (МНТ, мала сцена/19:00)

Скопје - Отоврање на изложбата „Живот за уметноста“ од Александар Настески и Ивана Настески. (Галерија МЕТАНОЈА/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Кој кого жени?“ на Замокот Тракошчан од Република Хрватска. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност/13:00)

Скопје - Изложба „А капела“ на Стојан Павлески. (Музеј на град Скопје/20:00)

Скопје - Мултимедијална изложба Touch Nature. (Музеј на современата уметност/18:30)

Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Ацо Пејовиќ. (х.„Парк“/11:00)

Куманово - Фестивал на Божиќни колачи - Чесница. (Простор на Уметничка галерија Куманово/19:00) 

Софија - Концерт на квинтетот саксофонисти - СаксКлар. (Македонски културно-информативен центар, ул.„Обориште“ 7/18:30) 

Skopje - Во галеријата на Детскиот ликовен центар при објектот на Кинотека на РС Македонија ќе биде отворена изложбата со дела создадени од Ликовната колонија „Струга 2025“. (12:00)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан