• петок, 05 јули 2024

МЖСПП: Средба на министерот Меџити со амбасадорот Бомгартнер

МЖСПП: Средба на министерот Меџити со амбасадорот Бомгартнер

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, соопштија од МЖСПП. 

Министерот Меџити му се заблагодарил на амбасадорот Бомгартнер за помошта што Северна Македонија континуирано ја добива од Република Франција на патот кон пристапувањето во Европската Унија.

Од Министерството додваат дека францускиот амбасадор Бомгартнер потенцирал оти францускиот предлог ги отвора европските перспективи на Северна Македонија и воопшто не е штетен за државата.

-Исто така, во разговор министерот Меџити му ги презентираше на амбасадорот Бомгартнер проектите што Министерството за животна средина и просторно планирање планира да ги реализира, се вели во соопштението. 

Францускиот амбасадор му честитал на министерот Меџити за должноста во новата Влада како прв заменик претседател и министер и изрази подготвеност за соработка за доброто на државата и граѓаните. сст/аа/

фото МЖСПП

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан