• среда, 06 ноември 2024

Мерис: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева на напредок за време на своето претседавање

Мерис: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева на напредок за време на своето претседавање

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека се тоа се уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да и пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување. 

Ова го истакна амбасадорот на Кралството Белгија за Република Северна Македонија, Фредерик Мерис презентирајќи ја Програмата и приоритетите за работата на белгиското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари - јуни 2024 година, на заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ. Мотото под кое ќе се одвива шестмесечното претседавање се „заштити, зајакни и подготви“ кое меѓу другото треба да одговори и на прашањето каква Европа сакаат во иднина.

Подвлекувајќи го актуелниот контекст во кој се одвива нивното претседавање како војната во Украина, драматичната ситуција во Газа, енергетската криза, климатските промени, тој наведе дека Белгија како приоритети има шест главни теми, покрај одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се и конкуретноста на економијата, спроведување на социјалната и здравстевната агенда за покохерентен систем во рамките на Унијата, агенда за пристап кон пазарот на трудот, борба против организираниот криминал и заштитата на граници и глобална Европа. 

-Проширувањето е исто така стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева дека ќе се постигне напредок во таа област за време на нашето претседателство. Се надеваме дека ќе имаме меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија. Имавме веќе таква седница со Црна Гора пред неколку седмици, и се надеваме да воспоставиме преговарачка рамка со Молдавија и со Украина. Ќе работиме исто така и на она што би можеле да го сработиме во дијалог на Косово и Србија и потоа го имаме прашањето за новиот План за раст на Западен Балкан, но мора малку да ги прилагодиме некои од оперативните насоки за тој план да функционира, нагласи белгискиот амбасадор.

Белгија е чесен актер и знае да постигнуваме компромиси, но нагласи, тие се и многу јасни во однос на она што сакаат да го потстигнат. -Она што сакаме да го видиме е Европа заснована на демократија и владеење на правото, но за да се постигне тоа сите треба да переземе одговорност, порача Мерис.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека основа на евроинегративниот процес се реформите, а напредокот е потребен и може да се постигне во времето кое што преостанува за работа на овој законодавен дом, подвлекувајќи ги при тоа владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и почитувањето на човековите права. Тој нагласи дека конструктивниот и инклузивен дијалог помеѓу сите политички партии во однос на клучните реформи е од суштинска важност за успех, а важен предуслов за одење напред, меѓу другото ги спомена и уставните измени, како и носењето на измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на седмиот член на ДИК.

-На крајот од мандатот на овој состав на Парламентот можеби можевме да направиме повеќе, можеби имаше одредени фрустрации но имаше и солидни постигнувања. Се надевам дека многу бргу ќе продолжиме со нашата блиска соработка, откако народот ќе го каже својот глас, порача Гир.

Пртетседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбр Адеми истакна дека за Северна Македонија е важно да се постават конктретни  инструменти за борба против корупцијата и да не им се дозволи на луѓето вмешани во корпција да ги поставуваат правилата за игра. Тој при тоа потсети дека ДУИ предложи закон за ветинг кој ќе опфати политичари, судии, обвинители, како и полицијата и ги повика политичките партии на консенсуз за што поскоро законот да влезе во собраниска процедура.

-Граѓаните со право очекуваат нови перспективи за земјата така што ќе го трасираме патот за целосно членство на нашата земја во ЕУ. Во суштина секое одлагање на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија има последици по земјата и по регионот, а особено се ризикуваат догашните достигнуваања на нашата земја во кои многу сме инветсирале и ние и меѓународната заедница, вели Адеми.

Пратеничката Гордана Силјановска меѓу другото истакна дека во избори и изборна година тешко се острваруваат реформи и затоа треба да се биде реален во очекувањата. Таа при тоа праша дали во оваа изборна 2024 година ќе се задржи ентузијазмот за проширување во Брисел поради растот на популистичките и недемократските тенденции во ЕУ-земјите,  и за ентузијазмот за евроинтеграцијата кај нас кој зависи од европскиот ентузијазам. Таа се осврна на приоритет на белгиското претседателство за глобална Европа поврзувајќи го со ветото за земјава.

-Она што ме импресионира е дека мултиулатералниот систем и меѓународниот поредок ќе се врати и се заснова на правила и вредности. Овие правила и вредности ме упатуваат на односот на Европа кон Македонија. ЕУ не смее да биде заложник на некои свои членки, додека размислува за укинување на ветото ЕУ не смее да дозволи кршење на основните вредности, рече Силјановска.

Пратеничката од СДСМ Калевска Ванчева посочи дека е многу добро што во иднина Собранието ќе биде посебно оценувано во нашиот евроинтегративен процес, како институција во која се гарантираат сите демократски процеси.

-Бевме исправени пред сериозни предизвици кои не беа секогаш внатрешни, туку многу пати доаѓаа и заради глобалните процеси особено пандемијата и војната во Украина, но мора да си признаеме дека секако можевме и повеќе и подобро. А тоа ќе можевме да го направиме ако го правевме заедно, рече таа и додаде дека факт е дека демократијата е под сериозна закана дури на европско тло, но тие ретроградните процеси ЕУ не може да ги реши сама ако се затвори, а Северна Македонија покажа дека е спремни да влезе во тој евроинтеграциски проце, рече таа. 

 На заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.

Претседателот на НСЕ Александар Николоски на почетокот од седницата изрази негодување и го оцени како непочитување на работата на Националниот совет на ЕУ и израз на политичка некултура тоа што за денеска набрзина била закажана пленарна седница за менување технички министри во Владата, во ист ден со оваа седница, за како што вели, да не можат да присуствуваат медиумите ни заинтересираните пратеници. Со оглед дека се брза за пленарната седница тој кажа дека нема да земе збор на седицата. вг/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан