МД „Илинден“-Тирана на г. Георгиј му го честиташе устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија
- Македонското друштво „Илинден“ Тирана во име на Македонците во Албанија, упати честитка до г. Георгиј по повод устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Дебар, 14 јули 2025 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ Тирана во име на Македонците во Албанија, упати честитка до г. Георгиј по повод устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
-Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана, и на Македонците во Република Албанија да ви честитам устоличувањето за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ви посакуваме голем успех, убави дела а честа и достоинственоста да ве следат и да се постојано со вас. Достоен, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Архимандритот Георгиј беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со Божествена литургија со која чиноначалствуваше архиепископот oхридски и македонски г.г. Стефан.
Митрополитот Георгиј дојде на упразнетото место во Дебарско-кичевската епархија по упокојувањето на митрополитот Тимотеј во ноември минатата година. вт/
Фото: литургија.мк