• среда, 15 јануари 2025

МВР реализира превентивни работилници за безбедност во сообраќајот за основците од Крива Паланка

МВР реализира превентивни работилници за безбедност во сообраќајот за основците од Крива Паланка

Крива Паланка, 19 септември 2024 (МИА) - Во организација на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка започна серијата едукативни работилници на тема безбедност во сообраќајот во рамки на превентивните активности за основците од општина Крива Паланка.

-Полициските службеници од оделението за внатрешни работи Крива Паланка реализираа едукативна работилница тематски посветена на безбедноста во сообраќајот во основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски“ за учениците од шесто одделение. Во рамки на предавањето, полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила и прописи, потоа како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци, но и кога возат велосипед или тротинет, особено електрични тротинети. Исто така стана збор и за задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец, информираат од ОВР Крива Паланка.

Работилници ќе бидат реализирани и во претстојниот период, за основците од двете основни училишта во градот,со цел превенција и зголемена безбедност на младите, учесници во сообраќајот, без оглед на тоа дали се движат пеш или управуваат велосипеди, тротинети или мопеди.ид/

Фото: ОВР Крива Паланка 

Остани поврзан