• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради дефект без вода корисниците од улиците „Жорж Бизе“ и „Мите Богоевски“

Поради дефект без вода корисниците од улиците  „Жорж Бизе“ и „Мите Богоевски“

Скопје, 15 јануари 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна водоводна цевка ф 5/4 на ул. „Жорж Бизе“ бр. 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Мите Богоевски“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот ќе биде од 10:15 до завршување на работите за санација на дефектот.

Од јавното претпријатие информираат и дека поради водоводен уличен дефект ф150мм на ул. „Шарпланина“ бр 95, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Ново Село и тоа во период од 10:30 до завршување на санацијата на дефектот. сст/дма/

фото МИА архива 

Остани поврзан