МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.
Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.
Со новата машина за печатење на лични документи треба тројно да се зголеми капацитетот и да се забрза издавањето на документите.
- Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава Министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен престој... Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните, туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции, потенцирал министерот Тошковски, соопшти МВР.
Министерот Тошковски апелирал до граѓаните да го искористат претстојниот период дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31 декември годинава и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола. цр/ев/
Фото: МИА архива