• недела, 22 декември 2024

Фетаи на средба со албанскиот министер за правда Мања

Фетаи на средба со албанскиот министер за правда Мања

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата на Северна Македонија, Арбен Фетаи денеска во Тирана се сретнал со министерот за правда на Република Албанија, Уљси Мања.

Како што информираат од Кабинетот на Фетаи, на средбата е разговарано за некои од најважните прашања поврзани со процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија.

Фетаи изразил благодарност за братското гостопримство и ја истакнал важноста од силна соработка меѓу двете земји за справување со заедничките предизвици. Разговорите, како што се наведува во соопштението, се фокусирале на реформските агенди на двете влади, вклучително и правосудниот систем, зајакнувањето на соработката против корупцијата и унапредувањето на доброто владеење.

-Една од главните теми на средбата беше заедничката заложба за зајакнување на владеењето на правото и зголемување на транспарентноста, кои се клучни елементи за напредокот на двете земји на патот кон членство во ЕУ и за гарантирање на регионалната стабилност. Оваа средба претставува важен чекор за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Албанија, зајакнување на соработката во стратешки области важни за развојот на двете земји, се посочува во соопштението од Кабинетот на Фетаи.фф/цр

Фото: Кабинет на Арбен Фетаи

Остани поврзан