• недела, 23 јуни 2024

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

Скопје, 6 јули 2024 

Во врска со наводите изнесени во дел од средствата за јавно информирање околу некаков случај во кој возач вработен во Министерството за надворешни работи со службено возило на тоа министерство бил фатен од страна на полициски службеници при што во возилото била откриена дрога, Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира таквите информации како неточни.

Имено, на 16.04.2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено“) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување на возилото кој што возачот не го доставил на полициските службеници.

Во тој смисол Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај, и апелира до средствата за јавно информирање – со оглед на целосната транспарентност на министерството – сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред тие да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на Министерството, но и на кредибилитет на средствата за јавно информирање.

Министерство за внатрешни работи

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан