• четврток, 04 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - На подрачјето на Чаир, вчера во 19:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б.(21) и М.В.(22), двајцата од скопско, поради тоа што кај нив била пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 31.05.2024 во 18:50 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Г.(45) од Скопје, поради тоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 01.06.2024 во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, ги лишија од слобода А.Д.(35) и Д.П.(33), двајцата од Велес. Тие се затекнати при користење опојна дрога а при преглед кај Д.П., пронајдени се две пакувања со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2024 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, извршен е претрес во домот на лицето М.Г.(36) од Прилеп, при што била пронајдена грутчеста материја и предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас...

На 31.05.2024 во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво. По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 31.05.2024 во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 32 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-6 и ГВ-26). При контролата, исто така, биле констатирани и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

На 31.05.0204 во 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Гоце Делчев“ и улица „Григор Прличев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Р.Р.(29) од Скопје и мопед „априлија“, управуван од М.Д.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 31.05.2024 од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 11 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други моторни возила на непрегледни и места каде тоа е забрането со сообраќаен знак (Охрид-02, Струга-05, Кичево-04).

На 31.05.2024  во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на село Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На 31.05.2024 во 21 часот во Полициската станица Кисела Вода П.Р.(48) од Скопје пријавила дека на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 31.05.2024 во 09:50 часот во ОВР Кичево, Г.Р.(22) од кичевското село Пласница, пријави дека на Градскиот кеј во Кичево бил каснат од куче скитник.ар/ев/
Фото:МИА архива

 

Остани поврзан