• среда, 01 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 29 декември 2024 (МИА) - Денеска (29.12) во 05.55  во СВР Скопје било пријавено дека на  улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „Рексон“ , сопственост на МВР на РСМ, управувано од В.П.(26) од Скопје имало сообраќајна незгода. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници А.В.(30) од с.Инџиково, скопско и А.Х.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 28.12.2024 година  во  22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски’’ во Скопје, патничко возило „Хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 28.12.2024 година во 07.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ш.Р.(32) и С.Г.(48) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.12.2024 година во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.К.(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.12.2024 година во 11.00 часот во ОВР Прилеп, Н. В.од Прилеп  пријавил дека на  улицата „Беровска“ во Прилеп  бил физички нападнат од повеќе лица кои му нанеле повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.12.2024 година во СВР Скопје, М.П.(22) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.05 часот на подрачјето на Центар, група малолетници фрлале пиротехнички средства и истите оштетиле патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од нас.Илинден, скопско. Се работи на расчистување на настанот.

Денеска (29.12.) во 00.50 часот во Полициска станица Велес, Т.Ф.(32) вработена во Центарот за социјални работи Велес, пријавила дека А.М.М.(16) се оддалечила од домот во Велес каде  била сместена во згрижувачко семејство. Според пријавеното, малолетничката се јавила  и кажала дека се наоѓала во Велес, но не сакала да се врати во домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.   

На 28.12.2024 година во ОВР Гостивар во 22.10 часот, Ѓ.С. од Гостивар пријавил дека на улица „Илинденска“ во Гостивар М.Д. од Гостивар физички го нападнал неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 28.12.2024 година во 13,45 часот во СВР Тетово, 41- годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ј.И. (44) од Тетово, по претходно недоразбирање околу посета со неговата малолетна ќерка, агресивно се однесувал кон нив и им се заканувал.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.12.2024 година во 19.45 часот во Полициската станица Центар, Р.Д.(31) од село Челопеци, кичевско, пријавила дека на улицата „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 28.12.2024 година во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(20) од Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 28.12.2024 година во 23.40 часот во СВР Штип, Б.А.А.(39) од Пробиштип пријавила дека пред угостителски објект во Штип, нејзиниот син бил каснат од куче скитник.

На 28.12.2024 година во 18.40 часот во Полициска станица Велес, Б.Ј.(58) од Велес пријавил дека на улица „Лазо Осмаков“ во Велес, бил каснат од куче скитник. ац/

Остани поврзан