• понеделник, 04 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - На територија на Ѓорче Петров, денеска  околу 12:25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(55) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од две години, во врска со чл.235 ст.1 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

На 27.06.2024 во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишија од слобода Ј.Г.П.(49) од Скопје, која била барана со потерница по наредба од Основен суд Скопје за затворска казна од шест месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.

Денеска (28.06.2024) во 00:40 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле С.П.(42) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.06.2024 во 23 часот во СВР Скопје Т.Ж.(60) од Скопје пријавил дека околу 20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ѓ.П.(40) од Скопје, кој според пријавеното бил вработен како обезбедување во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (28.06.2024) во 00:30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека на 27.06.2024 околу 22:40 часот во установата А.Т.(37) физички го нападнал Ш.Х.(34) од Пакистан (двајцата притворени лица). Ш.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2024 во 18:24 часот во Полициската станица Бит Пазар Б.К.(42) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка Р.К.(69) која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.06.2024 во 17:15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село, постапувајќи по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријави дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р.  неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2024 во 09:30 часот во СВР Куманово, М.З.(67) од Куманово пријавила дека во село Проевце, кумановско, била касната од куче, сопственост на Д.С.(39) од Куманово. Од страна на полициски службеници Д.С.(39) е лишен од слобода и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2024 во 18 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди  и починал откако врз него паднал бојлер во купатилото во куќата во нас. Маврови Анови. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 27.06.2024 во 20:10 часот во Полициска станица Велес Т.С.(48) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 27.06.2024 во 21:15 часот во Полициска станица Неготино од Итна медицинска помош од Неготино било пријавено дека кај нив било донесено малолетно дете кое било каснато од куче. Извршен бил разговор со мајката на детето, С.К.(38) од Неготино, која кажала дека во село Тремник, неготинско нејзиното малолетно дете било каснато од куче, сопственост на Б.С. од село Тремник.  Се работи на расчистување на случајот.

На 27.06.2024 во 16:50 часот во СВР Тетово 31-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка. На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2024 во 10:30 часот во СВР Скопје Н.Б.(71) од село Арачиново,скопско, пријавил дека на 26.06.2024 околу 11.30 часот настанал пожар во неговата куќа. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 27.06.2024 во 18 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош ги привеле С.К.(46) и С.Н.(49), двајцата од Скопје, поради тоа што околу 17:10 часот за време на ракометен натпревар во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (28.06.2024) во 00:00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип поради тоа што на 27.06.2024 околу 15.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал својата 63-годишна мајка, а потоа и упатувал закани и кршел дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (28.06.2024) во 06:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја привеле Д.Р.(39) од с.Баница, струмичко, поради тоа што на Градскиот пазар во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнала И.Б.(21) од с.Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.06.2024 во 23:41 часот во ОВР-Берово било пријавено дека во село Двориште,беровско, бил пронајден со повреди Б.П.(49) од село Будинарци. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.06.2024 во 00:20 часот во СВР Штип 42- годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била полово вознемирувана од Б.А. од Штип. Известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Тагови

Остани поврзан