МВР Билтен (ДПЛ)
- Денеска (31.10.2024) околу 3 часот на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје.
Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Денеска (31.10.2024) околу 3 часот на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје.
Претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 17 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Ропотово во с.Црнилиште, општина Долнени биле лишени од слобода Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште.
На 30.10.2024 полициските службеници од Полициско одделение Ропотово, врз основа на наредба на Основен суд Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 ст 3 и чл.226 „пустошење шуми“ извршиле претрес во дом и други простории кај Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени, при што биле пронајдени и одземени околу 15 кубни метри огревни нежигосани дрва. Дрвната маса е предадена на шумска полиција, а по документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на Струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (31.10.2024) во 00.44 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на патот за с.Батинци, Скопско, била опожарена барака сопственост на С.М.(30) од с.Батинци, Скопско.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Денеска (31.10.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје, Б.Д.(41) од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот пред казино на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2024 во 15.07 часот во СВР Скопје, М.Т.(58) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Градски паркинг“ пријавил дека околу 14.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно поставен блокатор на патничко возило со хрватски национални ознаки, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 30.10.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје, лишиле од слобода малолетник од Скопје, по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко дека околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и му го оштетил возилото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 08.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Арачиново, Скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ј. и Б.Ј.(32), двајцата од с.Арачиново.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај, Скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот.
Се работи на расчистување на случајот.
Денеска (31.10.2024) во 00.50 часот во Полициската станица Аеродром, В.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Денеска (31.10.2024) во 01.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(34) од Штип, по претходна пријава дека на 30.10.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 30-годишна невенчана сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Берово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А. и малолетничка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. хс/
Фото: МИА архива