• сабота, 16 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - На 14.11.2024 во 17.20 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Н.А.(44), постапувајќи по претходна пријава од 20-годишник од истото село дека во мај 2024 тој и неговиот татко биле измамени од Н.А. за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, тој им ги побарал парите за да им посредува за издавање странски документи, а откако им биле издадени било констатирано дека се фалсификувани. Со судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот на Н.А., при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

На 14.11.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 45-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари.

Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства.

Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 14.11.2024 во 20.25 часот во СВР Скопје, М.Н.(71) од Скопје пријавил дека пред вратата од двор на семејната куќа на подрачјето на Драчево, неговиот син пронашол заталкано зрно од огнено оружје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.11.2024 во 20.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, оштетил дел од покуќнината и ѝ се заканувал со остар предмет, а потоа се заканувал и на нејзината мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.11.2024 во 17.00 часот во руинирана викенд куќа во с.Табановце, Кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле 11 лица мигранти, од кои 10 од Кувајт и едно од Сирија.

Лицата биле сместени во транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.  

Hа 15.11.2024 околу 01.40 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, при контрола на товарно возило со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.В.(59) од Кавадарци, биле пронајдени девет лица мигранти од Ирак.

Во разговор со полициските службеници, мигрантите изјавиле дека во возилото влегле без знаење на возачот. Тие биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а на возачот му бил дозволен влез во државата.

На 15.11.2024 во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле М.Х.Ј.(29) од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека непријавено престојувал во државата.

Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.11.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, Д.Т.С.(38) од Скопје пријавила дека околу 15 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.11.2024 во 04.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.11.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат А.С.(53) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 14.11.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Центар, Ѓ.Т.(62) од Скопје пријавил дека двајца вработени во неговата фирма, А.М.Д.(37) и М.М.С.(36), двајцата од Бангладеш, со привремен престој во Скопје, се оддалечиле од местото каде што престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

СВР Скопје поднесе кривична против Е.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Е.И.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“.

На 12.03.2024 во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, второпријавениот со тврд предмет му нанел повреда на Ф.К., додека првопријавениот со нож му нанел повеќе убодни рани, од кои се здобил со тешки телесни повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(67) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 10.06.2024 во Тетово, пријавениот физички ги нападнал А.И и Г.И. од село Камењане, Тетовско.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 12.12.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 17.09.2024 на бул. „Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Б.(44) од Скопје поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

 На 24.09.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес на домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и амфетамин.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(19) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 28.10.2023 на паркинг простор кај место викано Стара болница, бил забележан пријавениот како остава марихуана. Полициски службеници ги лишиле од слобода пријавениот и Д.Б., кој дошол да ја подигне дрогата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, поднесе кривична пријава против Д.П.(20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 18.05.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, од кој претходно овозможил на две лица да го користат.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Г.(77) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 15.11.2023, полициски службеници извршиле претрес во помошна просторија во зградата во која живее пријавениот, при што биле пронајдени и одземени повеќе видови на делови од оружје кои пријавениот ги користи за поправка на спортско и огнено оружје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(36) од с.Дебреше, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“ во врска со семејно насилство.

На 18.10.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата девојка и со употреба на сила ја земал од нејзиниот дом.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј.(35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 22.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“, кундак за репетирачко огнено оружје и два куршуми со калибар 22 LR.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 26.06.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал З.Џ., и со остар предмет му нанел повреда.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ч.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 07.06.2024 во угостителски објект во Тетово, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон вработената.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(54) од с.Леуново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.

На 20.10.2024 во семејниот дом во Гостиварско, пријавениот се обидел со секира да ја нападне неговата сопруга. хс/

Фото: МИА архива  

 

 

 

 

 

Остани поврзан