• петок, 17 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 март 2024 (МИА) -Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Б.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 09.02.2024 во спортска обложувалница на улица „Охридска” во Битола со закана кон вработени одзел пари. По преземени мерки било дојдено до сознанија дека тој е сторителот, по што, подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и возило и биле пронајдени предмети за кои постоои сомнение дека се поврзани со делото. Тој бил приведен и во службен разговор во полициска станица го признал делото.    

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ц.Ѓ.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа" по член 361 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ -  Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри. Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот.

Денеска во 08:40 часот во село Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(28) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.03.2024 во 12.37 часот во СВР Куманово, од Казнено - поправната установа Затвор К’шање било пријавено дека кај нив биле пронајдени околу 140 пакувања и една ќеса со марихуана. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 04.03.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, сопственичка на продажен објект во Охрид пријавила дека на 03.03.2024, едно женско лице за купените производи платило со банкнота од 100 евра. Како што е пријавено, откако отишла да ја размени банкнотата во менувачница и било кажано дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2024 во 10:50 часот во СВР Куманово, Ф.Д.(24) од Куманово пријавил дека на 04.03.2024 пред продажен објект на патот Куманово - Свети Николе едно лице побарало да му размени банкнота од 100 евра, за која подоцна се посомневал дека е фалсификувана и пријавил. Исто така, на 05.03.2024 во 18.00 часот во СВР Куманово, Б.Т.(51) од Куманово пријавил дека на истото место  едно лице побарало да му размени банкнота од 100 евра, за која подоцна се посомневал дека е фалсификувана и пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

На 05.03.2024 од 08.00 до 13 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возачите - дали и колку ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. При контролата биле откриени и законски санкционирани вкупно 25 прекршоци (ТЕ). Најголемиот број од прекршоците  се однесувале на непропуштање, односно недавање предност на пешаците на обележани премини. На сите возачи – прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци и со парични глоби кои се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од нив и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-2).

На 05.03.2024 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 4 надвор од  населено место и 11 во населено место. Санкционирани биле и 29 останати видови на прекршоци.

На 03.03.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Марино, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички од сопственикот на објектот, кој му го оштетил и музичкиот инструмент. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2024 во 18:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што во семејниот дом во скопско село физички ги нападнал неговата 42 - годишна мајка, малолетниот брат и 20 - годишната сестра, при што употребил тврд предмет. Според пријавеното, тој оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

На 05.03.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, В.Б.(47) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на игралиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син физички бил нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2024 во 13.56 часот во СВР Скопје, С.П.(56) од с.Сарај, скопско, пријавил дека кај пункт на Јавно претпријатие на подрачјето на Ѓорче Петров,, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од негов колега М.Х.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 05.03.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од скопско село пријавила дека по претходни недоразбирања, била физички била нападната од нејзиниот брат Б.П.(42). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.03.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, И.Б.(40) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од О.Ч.(45) од Скопје, додека Б.Б.(42) од Скопје пријавил дека О.Ч. му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека на 03.03.2024 на подрачјето на Карпош, нејзиниот поранешен партнер С.Т.(26) физички ја нападнал и ѝ упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2024 во 16:30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж пријавил дека на 03.03.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, физички бил нападнат од неговата вонбрачна партнерка В.Г.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.02.2024 околу 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.М.(78) од с.Никиштани, скопско, пријавил дека во периодот од 29.02.2024 до 04.03.2024 на место викано „Кучковска воденица“ бил опожарен еден негов објект. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2024 во 19:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на С.М.(35), кој се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови. Екипа на Бригадата за противпожарна Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.

На 05.03.2024 околу 14:30 часот во Полициската станица Карпош, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

На 05.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ј.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Мице Козар“бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Велес, Б.М.(20) од Велес пријавил дека на улица „Лазо Осмаков“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2024 во 22.40 часот во Полициската станица Кичево, Ј.Т.(42) од Кичево пријавила дека на ул.„11 Септември“ во Кичево нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2024 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево, Ќ.С.(65) од с.Кнежино, кичевско, пријавил дека во с.Кнежино бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2024 во 16.00 часот во ОВР Прилеп, Б.Г.(39) од Прилеп пријавил дека бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2024 во 16.00 часот во СВР Битола, Д.Т.(57) од с.Кравари, општина Битола, пријавил дека на ул.„Север-Југ” бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднес кривична пријава против М.В.  (40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 05.12.2023 пријавениот физички ја нападнал својата сопруга со тврд предмет.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава М.И.  (25) од  Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска семејно насилство“. На 04.02.2024 во Гостивар, физички го нападнал неговиот 51-годишен татко.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ф.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.05.202,3 полициски службеници извршиле претрес во патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени таблети метилен диоксиметамфетамин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Б.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.06.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена  марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Е.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.05.2023 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.А.К.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 22.02.2024, полициски службеници, при преглед на патничко возило управувано од пријавениот, било пронајдено огнено оружје „црвена застава“ со 144 куршуми.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.К.(56 ) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во период од август до ноември 2021, како вработен во туристичка агенција во Гостивар, со прикажување на туѓа лична карта на непознато лице му овозможил во неколку европски држави да подигне парични средства во износ од 5.091 евра.

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Ј.Ш.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривична дела „измама“. Во текот на 2022, пријавената измамила две лица дека за пари ќе им извади странски патни исправи, при што едното лице и платило 25.800 денари, а другото лице 2.000 евра.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Т.(62) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во текот на 2023 на катастарска парцела во сопственост на РСМ, изградил објект, за кој не поседувал дозвола за градба од надлежен орган.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во периодот од 2023 до 20.02.2024, пријавениот на земјоделско земјиште во место викано „село“ во катастарка општина Милино, во сопственост на РСМ, без дозвола насадил тутун и поставил помошни простории. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Х.Х. (82) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.02.2024 во с.Долна Бањица, пријавениот запалил оган на своја нива, кој се проширил на соседните ниви, при што изгореле штала, цевки и други предмети.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 06.02.2024, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против С.Ф.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во мај 2023 во Гостивар, пријавениот изградил куќа без да поседува одобрение за градба од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(59) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 17.01.2024 на ул. „Илинденска“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, управувано од пријавениот, при што констатирале дека вршел јавен превоз без да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(65) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 17.01.2024 на ул. „Илинденска“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, управувано од пријавениот, при што констатирале дека вршел јавен превоз без да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(56) од с.Бервеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.02.2024 на регионален пат Тетово – с. Бервеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, управувано од пријавениот, при што констатирале дека вршел јавен превоз без да поседува лиценца. свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан