• петок, 02 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - На 31.07.2024 околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 01.08.2024 во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички ги нападнало С.С.(21) и Б.П., двајцата од Охрид. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 31.07.2024 во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз П.В.(20) од Нови Сад, Република Србија, пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.07.2024 во 22.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Б.Р.(19) од Струга. При извршен преглед, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.07.2024 во времето од 10.00 до 13.00 часот, согласно претходно изготвен план на подрачјето на Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар во соработка со службени лица од Центарот за социјални работи-Гостивар спровеле акциска контрола за спречување на питачење, при што на улица ,,Браќа Ѓиновски“ и ул. „Илинденска“ биле затекнати како питачат М.А. (21) од Скопје и С.Б.(61) од гостиварски Сенокос. Тие се предадени на службениците од ЦСУ-Гостивар за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 31.07.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово, Д.М.(42) од Куманово пријавил дека во објект на фудбалски клуб во населбата „Карпош“ во Куманово било влезено со употреба на сила и била одземена спортска опрема. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. 

На 31.07.2024 во СВР Куманово во 15.35 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Џ.Б.(28) од Куманово, затоа што питачел на бензинска пумпа во Куманово и ги вознемирувал присутните граѓани. Џ.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и   „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик. Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале. Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со  член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид“. На 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври“ и „Партизанска“ во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш.  Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот  во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје од касарната Илинден било пријавено дека во кругот на касарната биле затекнати три лица-мигранти од Египет, од кои едното лице било малолетно. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.        

На 31.07.2024 во 08.41 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 00.30 часот, во установата кај Е.С. (28), вработен во установата, била пронајдена кутија од цигари во која имало марихуана и кокаин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (01.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавил дека на 31.07.2024 околу 23.00 часот пред казино на подрачјето на Центар, тој и неговиот син Д.М.(26) биле физички нападнати од Е.К., А.К. и уште едно лице кое се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.07.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, А.Ш.(54) од Скопје пријавил дека околу 21.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син и уште еден вработен во објектот В.Л.(22) од Скопје.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (01.08.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани-скопско, по претходно семејно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и  мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(28) и С.С.(35) од една страна и С.С.(41) и О.С.(38) од друга страна, сите од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.07.2024 во 03.15 часот во с.Глуво-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.А.(31) од с.Чучер Сандево-скопско поради тоа што околу 01.30 часот заедно со негов пријател, физички го нападнале А.С.(19) од с.Мирковци, скопско. Исто така околу 10.00 часот било пријавено дека Н.А. му упатувал и закани и на И.С.(49) (татко на А.С.). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Б. (29) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 15.07.2024, пријавениот во куќата на неговата 74-годишна баба од Велес, со употреба на сила и одзел предмет и истиот го продал.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против С.М. (26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“ во врска со извршено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Првопријавената со намера да биде префрлена од женското затворско одделение во Казнено поправна установа Идризово Скопје во болницата во Демир Хисар, поттикната од второпријавената, на 21.05.2024, со запалка предизвикала пожар во собата во која престојувала, во кој бил зафатен ходникот од женскиот дел, предизвикувајќи материјална штета.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б. (35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2023 во с.Ласкарци, општина Сарај, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол-марка „Валтер ППК“ , две рамки и шест куршуми. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ц.Н.(45) од Велес и правно лице од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 05.07.2024, при извршена  контрола на правното лице било констатирано дека лиценците за вршење на јавен превоз биле со помината важност.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д. (19) од Кавадарци и С.К. (23) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. На 27.05.2024 пријавените пред угостителски објект во Кавадарци, одзеле паркирано незаклучено патничко возило „застава“, сопственост на Ј.С., на кое клучевите му биле во брава, а по преземени мерки од полициски службеници, возилото било пронајдено во с.Отишани.

На 31.07.2024 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, Д.К.(34) од Кочани пријавил дека на 29.07.2024 околу 17.10 часот во близина на влезот за с.Рајчани, кочанско, Д.Т. од село Турско Рудари, пробиштипско, го удрил со тврд предмет и му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 31.07.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(53) с.Грдовци, кочанско и Л.Ј.(41) од с.Тркање, кочанско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.07.2024 во 13.45 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот бил извршен службен разговор со 7 лица-мигранти од кои 5 од Авганистан и двајца од Бангладеш кои влегле од Р.Грција и сакале да заминат во Р.Србија, а претходно биле пријавени од СГП Рујане. Тие биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан