• недела, 30 јуни 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - На 28.06.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје И.М.(38) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соседот Б.Б. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (29.06.2024) во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Б.(18) и Е.Б.(31) од една страна и И.С.(32) од друга страна сите од Скопје, а употребени биле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2024 во 15.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Р.(60) од Прилеп кој бил затекнат при извршувањето на кривично дело „кражба“ од објект. По извршениот преглед, кај него биле пронајдени предмети кои потекнувале од кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје З.М.(69) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од соседот М.Д. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.06.2024 во Скопје полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода А.А.(24) и М.А.(48), двајцата од Скопје, по претходна пријава дека на 28.06.2024 околу 23.10 часот на подрачјето на Кисела Вода, со уште неколку лица физички ги нападнале Т.С.(26) од Скопје и неговиот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2024 во 20.30 часот во Скопје полициски службеници го привеле С.А.(25) од Скопје поради бегство од КПУ Затвор Идризово. Тој претходно со патничко возило кое го управувал Ф.Е.(25) од Скопје избегал од установата, но бил пресретнат од полициски службеници од ОЗОЛО.

На 28.06.2024 во 09 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници ја лишиле од слобода М.У.(43) од селото Пржовце, општина Теарце, затоа што претходно, со палење оган пред станбен комплекс на улицата „Партизанска“ во Струга, предизвикала општа опасност. По целосно документирање на настанот, против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.06.2024 во 15.30 часот во Полициска станица Велес Т.Т.(68) од село Башино село, велешко, пријавил дека на улица „Ангел Мишев“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

На 28.06.2024 околу 17 часот полициски службеници од Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко. Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор. Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 29.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена Р.К.(69), која на 27.06.2024 беше пријавена дека се оддалечила од домот.

На 28.06.2024 во 18.28 часот во Полициското одделение Македонска Каменица од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен Н.С.(23) со тешки телесни повреди, со кои се здобил додека извршувал работни задачи во рудник во Македонска Каменица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2024 во 09.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на Градскиот пазар во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Б.(21) и М.Б.(24) од една страна и Д.Р.(39) и И.Р.(46) од друга страна, сите од с.Баница,струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.06.2024 во 16.09 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во с.Владимирово,беровско, при рушење на стара куќа, била пронајдена неексплодирана експлозивна направа. Известени се Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи за понатамошна постапка.

На 28.06.2024 во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 28.06.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово 18- годишна кумановка пријавила дека  околу 18.00 часот во домот на нејзините родители во Куманово била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ф.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.06.2024 во 20.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(47) од една страна и двајца малолетници од Скопје од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (29.06.2024) во Полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Денеска (29.06.2024) во 08.42 часот во СВР Скопје Н.И.(27) од с.Волково,скопско, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол залутано зрно од огнено оружје. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 28.06.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје В.В. од Скопје пријавил дека на 25.06.2024 околу 21.00 часот на кошаркарско игралиште на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје Б.Т.(33) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров по претходна вербална расправија била физички нападната од П.А. и Д.А. од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош Р.С.(77) од Скопје  пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 28.06.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.Б.(62) од Скопје, пријавил дека на ул.„Шарпланинска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.бт/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан