• понеделник, 01 јули 2024
МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 јуни 2024 (МИА) - На 29.06.2024 во 16.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Благоја Тоска“ со ул.„Браќа Миладиновци“ во Тетово, В.К.(25) од с.Желино-тетовско, кој управувал електричен тротинет, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

На 29.06.2024 во 11.39 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во с.Звегор,делчевско, од трактор управуван од страна на В.Ц.(82) од с. Звегор, паднала сопатничката А.Ц.(76) од с.Звегор. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.   

На 29.06.2024 во 15.20 часот во СВР Куманово 24- годишна жена пријавила дека околу 02.00 часот во Куманово била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Н.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2024 во 20.45 часот во СВР Куманово Ч.П.(63) пријавил дека околу 19.00 часот во Куманово тој и М.П. биле физички нападнати од С.С. од Куманово, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје 34-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг С.Н., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје М.Ј.(43) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.06.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје Д.П.(19) од Скопје пријавил дека на 26.06.2024 околу 00.30 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од еден малолетник, кој го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (30.06.2024) во 02.20 часот во СВР-Битола Г.П.(47) од Битола пријавила дека на 29.06.2024 околу 23.40 часот во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2024 во 21.45 часот во Полициската станица Прилеп Б.М.(49) од Прилеп пријавил дека околу 03.00 часот во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2024 во 17.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение дека околу 09.20 часот во градскиот пазар на тезгите во Битола од Б.Б.(69) од Битола со употреба на физичка сила одзел предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.06.2024 во 11.55 часот во СВР Скопје А.Т.(54) од с.Петровец-скопско пријавил дека на локалниот пат с.Орешани кон с.Зелениково од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен кровот од неговото патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.06.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје С.И.(63) пријавил дека околу 11.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје бил физички нападнат од А.С.(54), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.06.2024 во 20.15 часот во Полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека дома се вратил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12), кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот по семејна расправија. 

На 28.06.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар предмет од едно лице кое го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 29.06.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Пробиштип Б.В.(47) од с.Ратавица-пробиштипско пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Е.В.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 29.06.2024 во 12.10 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека во с.Тресонче на место викано „Тресонечки водопади“ С.П. (69) од Скопје со група планинари, движејќи се по шумска необележана патека, кон пештера „Алилица“, паднал во провалија и се добил со повреди на главата. Полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици во содејство со САЕ Тигар го извлекле С.П. од провалијата и со хеликоптер на МВР го пренеле до ГОБ „8 Септември “ во Скопје, каде од страна на доктор била констатирана смрт.  ра/

Фото: МИА архива

Остани поврзан