• сабота, 11 мај 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца ги присилила да питачат во Дебар.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Ц.(37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед, извршен на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.

На 17.01.2024 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 8 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни места, каде со сообраќаен знак, тоа е забрането. Во Кичево, санкционирани се 15 возачи, кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење.

На 17.01.2024 во 14.15 часот во ОВР Кичево, М.Ѓ.(55) од кичевското село Осој пријавил дека на улицата „Мирко Милески“ во Кичево била касната од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.В. (46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 22.07.2023 година во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 17.01.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.З.(55) од село Вражале, општина Зелениково, пријавил дека на улицата „Христо Татарчев“, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.   

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С. од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 23.10.2023 година, при извршен претрес во домот на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана, а била затекната и малолетничка на која пријавениот ѝ овозможил да користи марихуана.

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера, 17 јануари, од 11 до 15 часот спроведена е акциска контрола, во која биле откриени и санкционирани 2 возила (ГВ) со неизвршен вонреден технички преглед, 2 возила (ТЕ) кои вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќајот, а на возачите им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 возачи (ТЕ-) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и 1 (ТЕ) со поминат рок на важност на сообраќајна дозвола повеќе од 30 дена, како и 6 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-1 и ГВ-5).

На 17.01.2024 во 02.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица, во 00.58 часот, во тешка здравствена состојба, било донесено четиригодишно дете од Струмица. Детето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато. За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 17.01.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, С.Д.(34) од населба Илинден во Скопје пријавила дека на улицата „Радишанска“ била касната од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.02.2023, при извршена контрола во село Подбреѓе, општина Јегуновце, било констатирано дека пријавениот вршел јавен превоз, без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.      

На 17.01.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Драчево, Х.Т.(21) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   

Денеска (18.01.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓорѓи Поп Христов“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.О.(31) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А.(40) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

Денеска, 35 - годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.Ј.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01.50 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ја привеле У.С.(29) од Република Турција, затоа што го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 17.01.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Ш.Х.(53) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот во објект на фирма на подрачјето на Карпош, била физички нападната од едно женско лице, вработено во фирмата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.01.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово, С.В.(40) од Куманово пријавил дека на улицата „.АВНОЈ“ во Куманово, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 17.01.2024 во 23.10 часот во СВР Куманово, Ф.К.(34) од Куманово пријавил дека на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.К.(45) од село Шурленци, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 20.12.2023 година биле пронајдени огревни дрва, за што било констатирано дека не поседувал соодветна документација.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Б. (31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за за сторени кривични дела „затајување“, „послужување“ и „измама“. Во текот на декември 2023 и покрај тоа што знаел дека договорот за работа со правно лице од Битола му е истечен на 30.11.2023 и немал право за користење на банкарската картичка во сопственост на правното лице, на 08 и 09.12.2023, картичката ја приложил пред референт во филијалата во Тетово и подигнал парични средства, со што го оштетил правниот субјект за сума од 80.000 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело за сторено кривично дело „измама“. Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја започне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.Н.(36) и И.Н.(30), двајцата село Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 19.11.2023, пријавените физички го нападнале И.К. и му нанеле тешка телесна повреда.

Денеска во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во стан на улицата „Моша Пијаде“, сопственост на Ф.Д.(30), настанал пожар од експлозија на плинска боца, при што станот целосно е опожарен. Од пожарот со тешки телесни се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожар. Увидот е во тек. бд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан