• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово на 23.09.2024 во 19:15 часот го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во село Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.09.2024 во 21 часот во СВР Скопје, 25 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари. Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите. Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.09.2024, по претходно изготвен план за спречување на питачење, на улица „Илинденска" во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово била затекната Б.К.(43) од Тетово додека питачела. Против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 23.09.2024 во 11 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош извршиле службен разговор со малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во 10:15 часот за време на час во основно училиште на подрачјето на Карпош, физички нападнал негов соученик. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 23.09.2024 во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.А.(55) и Б.А.(29) од една страна и И.Г.(43) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.09.2024) во 05:35 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на улица „Никола Карев“ во Виница настанал пожар во патничко возило „сеат ибица“ со винички регистарски ознаки, во движење, управувано од З.Ѓ.(60) од село Лаки, виничко. Екипа од Територијалната противпожарна единица Виница го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

На 23.09.2024 во 15:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош во Скопје, едно лице со употреба на сила од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.09.2024 во Полициската станица Кочани, М.В.(26) од Кочани пријавила дека на 16.09.2024 во Кочани, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од Б.С.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.09.2024 во 23:27 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал 40-годишен осуденик, по што извршил обљуба врз него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.09.2024 во аптека во населба Ново Лисиче во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Набргу бил фатен, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 21.09.2024, пријавениот со употреба на сила влегол во домот на неговата баба, физички ја нападнал и ѝ одзел пари.

На 23.09.2024 во 13:18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, бил пронајден починат А.О.(26) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.     

На 23.09.2024 во 12:30 часот во СВР Куманово, М.И.(36) од Куманово пријавил дека на улица „Народна револуција“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.С.(30) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед кај други две лица, полициски службеници пронашле и одзеле хероин и амфетамин, кои ги набавиле од пријавениот. Додека, при претрес во неговиот дом во Штип, биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Т.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.11.2023, при преглед над пријавениот бил пронајден и одземен хероин.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ч.(23) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 16.04.2024 пријавениот набавил марихуана, која ја користел заедно со свој пријател, додека на 17.04.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што  биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против J.B.C.(33) од Велика Британија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 07.09.2024 во угостителски објект во Скопје, пријавениот попречувал полициски службеници при извршување службени дејствија.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(53) од село Али Коч поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „предизвикување шумски пожар“. На 30.07.2024 пријавениот подметнал пожар на место викано „Градска депонија“ и на шумски предел во близина на локален пат над село Али Коч.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.З.(21) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 03.06. до 11.06.2024, пријавениот во повеќе наврати користел дебитна картичка на друго лице и вршел плаќања за свои потреби.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.04.2024, при купопродажба на возило во Кавадарци, пријавениот пуштил во оптек три фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Г.(37) и И.Г.(32), двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Второпријавениот купил товарно возило „рено кангу“ и на него со првопријавениот поставиле регистарски таблички од друго возило. На 21.07.2024, првопријавениот го управувал товарното возило на регионалниот пат с.Саса - Македонска Каменица, при што не застанал на даден знак на сообраќајна патрола и се дал во бегство.ар/лв/
Фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан