• петок, 22 ноември 2024

Мбапе е вториот Французин кој постигнал 25+ голови за четири сезони во Лига 1

Мбапе е вториот Французин кој постигнал 25+ голови за четири сезони во Лига 1

Париз, 14 мај 2023 (МИА) - Килијан Мбапе постигна два гола синоќа против Ајачио во победата со 5:0. Напаѓачот на ПСЖ стана вториот Французин по Втората светска војна кој постигнал најмалку 25 гола во четири сезони од Лига 1.

 

Претходно Мбапе ваков ефект имаше и во првенствата 2018/19, 2020/21 и 2021/22.

 

Пред Мбапе тоа му успеало на Таде Сизовски - во сезоните 1955/56, 1956/57, 1958/59 и 1959/60.

 

Вкупно, на 31 натпревар во актуелниот француски шампионат, Мбапе има 26 гола и четири асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан