• понеделник, 23 декември 2024

„Мајкрософт“ го претстави првиот ВИ-чип

„Мајкрософт“ го претстави првиот ВИ-чип

Сиетл, 16 ноември 2023 (МИА) - На конференција во Сиетл, САД, „Мајкрософт“ го претстави својот прв чип со вештачка интелигенција - „Маја 100“, којшто може да се натпреварува со многу бараните процесори на „Енвидија“.

Технолошкиот гигант го претстави и чипот „Кобалт 100 арм“, наменет за општи компјутерски задачи и со слични функции како процесорите на „Интел“, пренесува „Си-ен-би-си“.

„Мајкрософт“ во мигов го тестира чипот „Маја 100“ во чет-бот со ВИ на прелистувачот „Бинг“, како виртуелен асистент за кодирање на платформата „Гитхаб“ и јазичниот модел „ГПТ-3.5-турбо“.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан