• вторник, 25 јуни 2024

Маската повторно задолжителна на јавни простори, освен на плажа во Ориенталните Пиренеи во Франција

Маската повторно задолжителна на јавни простори, освен на плажа во Ориенталните Пиренеи во Франција

Париз, 16 јули 2021 (МИА) – Поради зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 во францускиот департман Ориентални Пиренеи повторно ќе биде задолжително носењето маска на јавните простори, освен на плажа и во големи природни простори. Задолжителното носење на маска почнува од утре и мерката ќе биде во сила до 2 август, јави дописникот на МИА.

Покрај задолжителното носење на маска, исто така, забранета е потрошувачка на алкохолни пијалоци на јавни места и јавни простори надвор од ресторани и барови, се наведува во соопштението на префектурата.

Префектот Етјен Стоскоф ги донесе овие две одлуки со цел да го спречи ширењето на Ковид-19, особено на делта сојот. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан