• сабота, 20 јули 2024

Маричиќ - Менгини: Новиот Закон за потекло на имот ќе се испрати на мислење до Венецијанската комисија

Маричиќ - Менгини: Новиот Закон за потекло на имот ќе се испрати на мислење до Венецијанската комисија
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на работната посета на Стразбур, имаше средба со првите луѓе на Венецијанската комисија.
На состанокот со секретарката на комисија Симона Граната-Менгини беше повторено дека мислењата кои ги дава Венецијанската комисија се од исклучително големо значење за земјата со цел на подобрување на текстот на законите.

По средбата во изјава на МИА, Маричиќ кажа дека неколку нови закони ќе бидат испратени на мислење до комисија.

- Имавме многу важна средба со претставниците на Венецијанската комисија на која разговаравме за законите кои веќе се испратени до нив на мислење, но и за оние кои наскоро ќе ги пратиме, како што е Законот за потекло на имот, но и Кривичнот законик и Законот за кривична постапка. Нивното мислење многу ни значи со цел да направиме подобри и поквалитетни закони, изјави Маричиќ за МИА. дма/са/

Остани поврзан